Автор Тема: Музиче..  (Прочитано 1010180 пати)

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4043
  • MadaFunker
Одг: Музиче..
« Одговори #8025 на: 19 Јули 2018, 14:57:41 pm »
Да не се разбереме погрешно, секој гледа некој денар да собере за себе и фамилијата ама не по секоја цена.. Идиотиве од уќуматов фрлија 500 000 евра за глупост нит влеговме во НАТО ни бутур, а и да влезевме кој кур славење па не е ова отварање на нов автопат мајку му стара.. Нема врска, идемо даље :D


New blood of old school

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Музиче..
« Одговори #8026 на: 19 Јули 2018, 15:02:44 pm »
Damn, пред „прослава“ викаа „нема да кошта ни 50.000е“, за време на прославата викаа „100че максимум“, после „прославата“ се пребројаа на 180.000, ние на форум 500.000 им прокниживме у три поста дискусија! Кои цареви сме сите до еден ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8945
  • Пичлеме
Одг: Музиче..
« Одговори #8027 на: 19 Јули 2018, 15:04:08 pm »
Околу претераното дрвење, муабет на Камиказа (Меморија):

Цитат
За да дојдеме до ова што се случи пред некој ден, на 14.7. морам да направам мало потсетување. Критичката мисла која на извонреден начин ја отсликуваше реалноста преку анимација (мислам на Еднооки) ја укинаа едните, а авторот на истата другите го затворија. Со тоа умре и шансата за корекција на властодршциве кои се без исаф и срам во секој поглед. Мислев, после 11 години ќе дојдат поумни и ќе успеат да ја чујат мислата на народот и критиката, но…. Наместо тоа, втората водечка критичка мисла (сега мислам на К-15) првите во текот на 11 години ја растурија и мајката им ја расплакаа, а другиве, кога мислев дека ќе им дадат шанса повтрно да бидат критички настроени им дадоа задачи за кои не да не се дораснати, туку изгледаат како да им се наметнати и ги ставаат на нишан за подбив. Некого го направија бирократ, при што мислам на мојот другар и пријател Бубо Каров (се надевам дека тој не е креаторот на „овој чудесен свет“ што се случи на 14ти. На другиот, Бранко Огненовски, му дадоа проект (Фчерашни) кој инаку одлично го работи, а третиот отиде сургун во Австралија. Да бев на нивно место (политичарите) ќе ги зберев двете дружини за да им бидат коректор на глупостите и настаните со кои го урнисуваат достоинството на нашиот народ и држава.

Но, не! Нарцисоидиве повеќе љубат да слушаат „дека се многу умни и успешни“ и затоа не доведоа во овие дваесет и кусур години до ова дереџе.
За жалење е нашата култура која ги разедини бардовите на македонското глумиште и од нив направи марионети со ситно поткупување и бирање страна. Некои од нив ги затворивте… Да не мислите дека сегашните гласноговорници од културата нема да завршат на исти начин (во затвор или со кривични пријави)?! Сигурно ќе завршат, а на политичарите нема да им биде гајле за нив исто како ни за претходните. А јас само сакам да живеам во држава во која на иста сцеаната ќе ги видам Никола Ристановски, Владо Јовановски, Ирена Ристиќ, Тони Михајловски и плејада на други уметници како блескаат на штиците што живот значат и да уживам во нивните глумачки бравури. Но….. душманите им го одземаат правото да бидат идоли на идните генерации и ги закрвуваат до таа мера да не можат да се видат еден со друг, а не да играат заедно. Ете тоа го правите, копуци!

И конечно, за музикава:
Се нафрливте врз музикантите како од нив да зависи дали некој ве лаже за НАТО и ЕУ или не. Ги черечите како тие да се најголемите душмани… парите што ќе ги добијат од нас опљачканите македонски граѓани не се ни стоти дел од промилот од она што ни го прават другиве (на пример со дневниците и патните трошоци на македонските трутови во парламентот, Скопје 2014, корупција и сл). Затоа виновниците барајте ги на друго место (како и за настаните на 27.4)… познавам некои од учесниците музичари кои немаат дома струја да платат, а се национално обележје. Ете до тоа дереџе ги доведоа и едните и другите и сега згора на се ги имаат и вашите пизми! Олабавете малце!

Конечно доаѓаме до поентата:
Оние кои работат на разнебитување на македонските граѓани кои со години живеат мирен и културен градски живот, сега моно-котиледоните смислиле начин како да ги раскараат и последните кои го прават одржливо и препознатливо националното ткиво. Плукајки врз музикантите, незнаејки одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни. Во месинџер ми пишувате дека групата Меморија е една од чистите македонски музички херои. Точно е!!! Но е точно дека и Архангел, Кирил Џајковски, Љубојна, Бени и Нон-стоп, С.А.Ф., Фолтин, Нокаут, Чалгија Саунд Систем и сите други кои беа дел од „циркусот наречен НАТО и ЕУ“ се исто така херои на македонската музичка сцена.

ДЕБАКЛОТ НА ИДЕЈАТА (ЗА НАТО И ЕУ) НИКОГАШ НЕМА ДА ЈА НАМАЛИ МУЗИЧКАТА ВРЕДНОСТ НА КОЛЕГИТЕ. МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
искрено Ваш,
Петар Георгиевки – Камикза

Damn, пред „прослава“ викаа „нема да кошта ни 50.000е“, за време на прославата викаа „100че максимум“, после „прославата“ се пребројаа на 180.000, ние на форум 500.000 им прокниживме у три поста дискусија! Кои цареви сме сите до еден ;D

Колку само жални врби и палми се тоа ;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Музиче..
« Одговори #8028 на: 19 Јули 2018, 15:06:44 pm »
Малку за релаксација :)


Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4043
  • MadaFunker
Одг: Музиче..
« Одговори #8029 на: 19 Јули 2018, 15:15:00 pm »
Damn, пред „прослава“ викаа „нема да кошта ни 50.000е“, за време на прославата викаа „100че максимум“, после „прославата“ се пребројаа на 180.000, ние на форум 500.000 им прокниживме у три поста дискусија! Кои цареви сме сите до еден ;D

Симо ова од ракав фрлање бројки, нормално за на форум :D А и 50.000е да се .. ЗА ШТО?!? Се ни е наредено па сеа ајде да џускаме :)



Олабавување..

New blood of old school

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Музиче..
« Одговори #8030 на: 20 Јули 2018, 09:17:12 am »
74.000 евра коштаат сите бендови/артисти кои настапија.




Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Музиче..
« Одговори #8031 на: 20 Јули 2018, 09:24:29 am »
Директни домашни инвестиции :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Музиче..
« Одговори #8032 на: 20 Јули 2018, 09:48:28 am »
Суша е за (добри) свирки веќе добри 10 години, а бендовите се најмалку криви за тоа..

Се сеќавам порано сум имал и по 15-тина секој ден, едно по друго...или 2 дневно една afterwork една ноќна..Плус, влегуваш во Миднајт во Октомври, излегуваш во Мај...и таа заработка слободно можеш да ја планираш...

Сега една  неделно да најдеш е премија, а и таа е дпод знак прашање колку и како ќе биде платена и дали ќе биде редовна.

Смешно е во 2018 да зимам ист хонорар за свирка како што сум зимал пред една децнија, а во меѓувреме виното од 90 денари станало 150, во истиот клуб.
Очај.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Музиче..
« Одговори #8033 на: 20 Јули 2018, 10:02:29 am »
Џони Лајв и остали што пеат т фолк не мислат ко така :) Си рачунаат прилив тие 365 дена годишно

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Музиче..
« Одговори #8034 на: 20 Јули 2018, 10:14:11 am »
Тоа не се музичари...уште помалку уметници...тоа се вируси на цела балканска култура..не само музичка.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8945
  • Пичлеме
Одг: Музиче..
« Одговори #8035 на: 20 Јули 2018, 10:14:40 am »
Суша е за (добри) свирки веќе добри 10 години, а бендовите се најмалку криви за тоа..

Се сеќавам порано сум имал и по 15-тина секој ден, едно по друго...или 2 дневно една afterwork една ноќна..Плус, влегуваш во Миднајт во Октомври, излегуваш во Мај...и таа заработка слободно можеш да ја планираш...

Сега една  неделно да најдеш е премија, а и таа е дпод знак прашање колку и како ќе биде платена и дали ќе биде редовна.

Смешно е во 2018 да зимам ист хонорар за свирка како што сум зимал пред една децнија, а во меѓувреме виното од 90 денари станало 150, во истиот клуб.
Очај.

И јас сум го приметил истото, нема добри свирки... мислев дека сум остарел и ми се сјебало сетилото, сум станал поголем тупаџија и сум станал од типот:
- Абе во мое време на свирка рокаа добар хард рок, денес некои сентиши, па кога ќе ти се испомешаат бациња со трајболи, со клучевите од колата на маса, па чупиња со една количка мејкап плус светликави штикли, на секој дел им е испишано дека се фанови на рандом балканска ботокс/селикон ороспија што во слободно време „пее“...

Да, додуша и остарев, ама и работите се испомешаа.

На онаа фамозната прослава која се провлекува низ темата и потрошените пари за неа... сигурен сум дека немаше да биди битна цифрата ако се донесеа „сељофест ѕвезди“, па народ, па фешти, па задоволство... али Фолтин, Архангел, Џајковски... гаси тоа ѓубре, пушти Карлеуша!

Џони Лајв и остали што пеат т фолк не мислат ко така :) Си рачунаат прилив тие 365 дена годишно
Тоа не се музичари...уште помалку уметници...тоа се вируси на цела балканска култура..не само музичка.

Ако се мисли на фолкери од типот на турбофолкери, burn to the ground!

Ако се мисли на фолкери од типот народњаци, од типот македонска народна песна, оние квалитетните кои ја негуваат старата народна и кои можат да се избројат на прсти... нека заработуваат, неам против.
« Последно менување: 20 Јули 2018, 10:23:34 am Ipkisija Meskosa »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Музиче..
« Одговори #8036 на: 20 Јули 2018, 10:31:46 am »
Не, не мислев на народњаци, туку баш на увозни турбо фолкери од Србија и Бугарија, кафани кои ја промовираат таа музика или некоја наша греотица во А4 половоњак на бугарски таблици или ганц нова А7 ца на шфицарски таблици.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8945
  • Пичлеме
Одг: Музиче..
« Одговори #8037 на: 20 Јули 2018, 10:34:33 am »
Па па па, сум бил во такви кафани неколку пати. Доживљај! ;D

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Музиче..
« Одговори #8038 на: 20 Јули 2018, 10:44:02 am »
Џони лајв пее песни и од Аца Лукас и од Цеца. Beat this :D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Музиче..
« Одговори #8039 на: 20 Јули 2018, 10:54:30 am »
Не ми се амортизира тастатура за бактерии.
Греота само за дел од згодните турбо фолкерки што не знаат што е јак секс со совршен саундтрак него се коваат на "Као никотин".