Автор Тема: Затемнетите стакла носат високи казни???  (Прочитано 66412 пати)

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #150 на: 28 Мај 2015, 23:32:13 pm »
Имате нокти? Ако немате, ќе ви затребаат еден ден  ;D
Не се зезајте, бидете легални според законот или плаќајте, или Цацко после бил крив, буџетот празен, чорбата ладна, бурекот мрсен, ѓеврекот солен  ;D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #151 на: 29 Мај 2015, 07:17:24 am »
а да се собереме да побараме измена на законот за да може и напред да се стават фолии легално над 30% затемнетост?
јас ако добро се сеќавам,објаснување зашто напред е дозволено до 30% е заради заштита на полицијата,па и останатите ако некој извади оружје,демек со незатемнети стакла нема да извадел и да прави беља.
Не сме малце членови,дајте и нешто корисно да пробаме да направиме,а не само да се препуцаваме на форум.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #152 на: 29 Мај 2015, 07:56:39 am »
На документот од атестот кај мене пишува дека предните стакла се затемнети според законските регулативи. Јас сум платил да се изврши атестот. Атестот е извршен од овластена институција.
Доколку некој треба да се казни во дадениот случај, треба да се казни институцијата која го издала атестот.

Ако пишува дека предните стакла се затемнети според законските регулативи, а се затемнети над 30%, пак не значи дека не си го прекршил законот. Тоа значи само дека го прекршил и некој друг. Тоа не те амнестира тебе од одговорност пред законот.

Мене тоа ми е исто ко` атест на кука за влечење. Куката е атестирана и легална, но не е легално да ти е монтирана на кола во момент кога не влечеш приклучно возило/приколка.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10967
  • 430i
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #153 на: 29 Мај 2015, 11:51:35 am »
Малце ми е нејасно тоа.

Јас, да речеме немам појма како гласи законот. Немам појма колку се затемнети фабрички стаклата и ставам од најсветлата фолија која нели има пропусливост над 70%.
Одам во овластена институција, давам пари, сликаат, праат елаборат и ми издаваат сертификат дека сум затемнет согласно законските регулативи.

Каде е мојата вина?

Некој од правнициве ако може да подобјасни.

Отсутен Blazhe

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #154 на: 29 Мај 2015, 12:15:38 pm »
Друже тоа што тебе ти дале атест а не си исправен е за да ти ги земат парите значи што не ти е јасно ? Вината е нивна, а казната и парите се твои :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #155 на: 29 Мај 2015, 12:26:08 pm »
Нејасното е тоа што е возможно такво нешто во нашава држава. Да ти ги земат парите а ти пак да бидеш кабает.
Во нормална држава каде владее правото, би требало одговорност да носи И ТОЈ што издал такво одобрение. Кај нас, во законот не е предвидено дека тој (таа иституција) може да има последици за издавање таков документ.

Или што би се рекло: Атестната институција вика „што бараш, тоа ќе ти пишам, мене закон не ме дира“, ти викаш „супер имам атестирани предни затемнети стакла“, ама на крај џандарот ти вика „не си легален по закон, лапај казна 300е“. Е сеа ти наместо да можеш да им стегнеш тужба за обештетување на атестната институција, можеш само да си платиш казна и да си ги симнеш фолиите.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #156 на: 29 Мај 2015, 12:26:44 pm »
Не е точно, со фора му прават атест и на предните со 30% затемнетост а реалната состојба е карикирам 50 или повеќе и тука нивното завршува. Џандар го мери и му вика, друже ти имаш атест ама за 30% а моменталниве не се тие, си ги сменил си ставил потемни и ај еве ти 300 еур казна. Затоа и го прашав златко колку му пишува во документот дека му се затемнети предните.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #157 на: 29 Мај 2015, 12:27:41 pm »
Tie mozi da se izvadat so izgovor deka koga mu dadovme atest si bese vo red posle toa koj go znae sto folii namestil...a ustvari koj ke gi prasa-nikoj taka da gledaj da ne zapnat nekade nekoi nerazbrani dzandari da ti gi merat foliite poso postoi moznost da popies kazna.

p.s ednas imam kazano sega uste ednas...mene cel ovoj zakon okolu foliite mie bezvezen...nazad mozis da zatemnis kolku sakas ama napred si ogranicen...ete napred ne stavam ama nazqd ke stavam I nema potreba od atest taka...e ne, ima potreba od atest poso treba da se zemat pari.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10967
  • 430i
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #158 на: 29 Мај 2015, 13:00:06 pm »
Има слики од секој агол во елаборатот. Така да не сум ги ставил накнадно.

Се внесува во Македонија Ламборџини СУВ. Се прави типска хомологација. Да претпоставиме дека му фали нешто, ама институцијата ќе го хомологира возилото за да си наплати (пример: прв пат кај нас се донесе BMW 1 без резервно тркало туку со сет за вулканизација. Европските закони дозволуваа такво нешто, но нашите не беа прилагодени, па не можеше да помине атест).

И јас го купувам Ламборџинито и џандарот ми вика, ааа лутерот на задни седишта ти е со поголем дијаметар од пропишаното. Јас треба да го јадам или тој што направил хомологација?

Се додека правнициве не гукнат, другово е рекла казала.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #159 на: 29 Мај 2015, 13:04:05 pm »
За правно да докажеш од слики дека не си ги менувал дополнително фолиите ќе те кошта ѓавол и пол, затоа прв го јаде тој со колата па он после ако сака нека си покрене процедура против псс за да докаже дека е нивна грешка и да си бара оштета.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #160 на: 29 Мај 2015, 13:09:13 pm »
Дека треба правниците да кажат - треба. Ама дека не треба да дојде до докажување кој е прав кој крив, друг муабет е :)

Кога ќе те застане џандар и ќе те прати на вонреден технички или ќе ти измери повеќе од 30%, и ќе се повика на законот дека не е дозволено поголемо затемнување од 30%, што ќе му кажеш? За него, ти возиш нелегално возило.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 587
Одг:
« Одговори #161 на: 29 Мај 2015, 17:12:35 pm »
Колега беше казнет  за претовар во саботата зашто на товарниот лист му стоеше тежина 3700кг(дозволена носивост 3000кг)   а беше товарен реално 1700 кг не сакаа да го носат на вага.Образложението беше 'имаш документ колку си товарен' значи испаѓа како им одговара така си прават.

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #162 на: 29 Мај 2015, 17:23:54 pm »
Јас возам скоро две години со затемнети задни стакла без атест имам и другари неколку. До сега имам поминати 40 000 км. Никој атест не ми побарал до сега. Повеке од половина од полицајците не ни знаат дека треба атест... а ако сака може да ти најде камен во жолчка и да те казни...

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #163 на: 29 Мај 2015, 17:27:44 pm »
Башибозук насекаде. Какви се европските правила по оваа проблематика? Колку смееш да имаш затемнување во нормалните земји? Разбирам да ставиш благо тонирани фолии, не црни кеси за ѓубре.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10967
  • 430i
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #164 на: 29 Мај 2015, 17:52:07 pm »
Јас возам скоро две години со затемнети задни стакла без атест имам и другари неколку. До сега имам поминати 40 000 км. Никој атест не ми побарал до сега. Повеке од половина од полицајците не ни знаат дека треба атест... а ако сака може да ти најде камен во жолчка и да те казни...

Абе јас 4 години без атест возев, па годинава ми текна ај ќе правам. Што сум кревал рака во Петок ;D