Автор Тема: Затемнетите стакла носат високи казни???  (Прочитано 66408 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #120 на: 16 Јануари 2015, 15:27:55 pm »
Фабрички колку сака нека се, ќе му се фати за к'рот.

Па шо знам, после 6 до 12 месеци судења, рочишта, нетизнам шо, ќе му се фатат. Кој ќе му ја врати таа година заебанции по судови?
Кај нас, кога те запрат мора да си направил некаков прекршок.

Па не баш, шо знам... Ако ти се накнадно ставени фолиите, може да те натера на лице место да ги вадиш, или да те прати на технички.
Ако се фабрички затемнети стаклата, што ќе ти прави? Ќе те тера да ги кршиш стаклата?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #121 на: 16 Јануари 2015, 15:41:06 pm »
Па не баш, шо знам... Ако ти се накнадно ставени фолиите, може да те натера на лице место да ги вадиш, или да те прати на технички.
Ако се фабрички затемнети стаклата, што ќе ти прави? Ќе те тера да ги кршиш стаклата?

Искрено, не знам. Никогаш не сум имал затемнети стакла, и не знам како е процедурата. Ама мислам дека има право да те исклучи од сообраќај ако на технички се воспостави дека стаклата според законските прописи пропуштаат помалку светлина од пропишаното.

Затоа што барем тука (Германија) можат да се купат стакла кои се веќе тонирани (значи без фолии) по ДИН стандарди со поголем процент на затемнетост отколку што е дозволен во Македонија. И ако се намонитраат такви стакла, минуваш ТИФ и алес гут.

А после со такво возило во Македонија, или недај боже да го цариниш? Ќе мине ли хомологација или не?

Затоа што, и кај мене во глава ми се мота да го затемнам Бимерот, дали со фолии, дали со менување на стаклата. Ако стариот посака (а знам дека ќе посака) да го земе во Македонија, да не ме натераат да лупам фолии, менувам стакла, или штоидае.  :-\ :-\ :-\
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #122 на: 16 Јануари 2015, 17:50:43 pm »

чисто информативно, во македонија е дозволено до 30% затемнување на предни стакла, а на задните дзволен е 98%, а тоа е скоро комплетно црно... кај мене на волот се 98% затемнети сите 5 задни стакла, и на претходниот исто толку и на претходно друго возило (рено 19) исто толку и секогаш си пројде атест без проблем...

и ако во имачка туриш такви стакла со тој процент, тув-мув-пуф на граница ке пројде, а после ке го носиш за стаклата посебно на атест... на увоз на возило не се гледаат стаклата...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #123 на: 27 Мај 2015, 13:54:26 pm »
Денес направив а-тест на клима фолии во ПСС Пинтија. Отидов таму зашто реално секогаш нема гужва и немора да чекам редици пред шалтер.

Постапката е следна:

1. Во ПСС пријавуваш дека сакаш да ти направат А-Тест на клима фолии. Ти даваат барање, плаќаш 450 денари (може со картица да платиш) и те упатуваат во оделението на МВР во зградата на МТВ.
2. Во МТВ на Шалтер бр.3 ги даваш документите што ти ги дале од ПСС, плаќаш 270 денари (ИСКЛИЧИВО КЕШ НА ШАЛТЕР, НЕМОЖЕ КАРТИЦА), ти изготвуваат упатница и те праќаат на Шалтер бр.2
3. На Шалтер бр.2 ги даваш сите документи што ти ги дале од ПСС и Шалтер бр.3 и плаќаш 240 денари административни такси (може со картица да платиш) и те упатуваат назад во ПСС на а-тест со заверена Упатница.
4. Во ПСС се пријавуваш дека имаш Упатница за вршење А-Тест на клима фолии. ЌЕ ИМ НАПОМЕНЕШ ДЕКА САКАШ И ЗА ПРЕДНИТЕ И ЗАДНИТЕ СТАКЛА ДА ТИ НАПРАВАТ А-ТЕСТ. Им ги даваш документите, плаќаш уште 1100 денари (може со картица да платиш) им го даваш клучот од колата и си седнуваш на кафе во бистрото (Нес Кафе 50 ден, Капучино 40ден, Еспресо со Цедевита 70 ден).
5. Откако ќе ја завршат постапката за А-Тест, ти ги даваат документите и заедно со сообраќајната идеш на шалтерот со полицаец во ПСС.
6. Таму ти изготвуваат нова сообраќајна книшка и ти заведуваат дека имаш направено А-Тест на клима фолии во Забелешка. Тука плаќаш уште 250 денари за новата сообраќајна книшка (може со картица да платиш).

Толку. Тоа е процедурата.

Моја препорака е помалку да зборите и да објаснувате околу фолиите и затемнетоста во ПСС. Оставете ја работата да си тече и никој ништо не ве прашува.

Ете така сега имам 50% затемнето возило со предни и задни стакла и забелешка дека имам атест за истите и на предните и на задните.

Се надевам дека на некого ќе му послужи ова упатство за да си направи а-тест и да си има мирна глава при рутинска контрола на полиција.

Вкупно трошок за А-Тест: 2310 денари.
Сметајте дека цел еден ден од 09:00 до 14:00 ќе го изгубите за ова.
« Последно менување: 27 Мај 2015, 17:39:37 pm zlatkoa »

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #124 на: 27 Мај 2015, 15:52:21 pm »
Ќе да си првиот со атестирани предни стакла...За убаво нека е :)
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #125 на: 27 Мај 2015, 16:00:25 pm »
Па не баш, стара шема е таа во ПСС.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #126 на: 27 Мај 2015, 16:13:24 pm »
aaa Ако дојдам јас од Битола, ќе можам тоа таму да го завршам?
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #127 на: 27 Мај 2015, 17:26:43 pm »
Убаво објаснета постапкава, ќе ми треба. Само си утнал во пресметката, се вкупно ти е 2310 ден.  :-)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #128 на: 27 Мај 2015, 17:42:02 pm »
Убаво објаснета постапкава, ќе ми треба. Само си утнал во пресметката, се вкупно ти е 2310 ден.  :-)

Поправено. Изгледа сум утнал во собирањето. Сега си е таман. Фала.

Отсутен Blazhe

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #129 на: 27 Мај 2015, 19:38:15 pm »
тоа што ти удриле атест за предните не е законски, со значи ако те запре полиција и да те пушти на вонреден технички го кркаш за тројца. у секој случај они ти ги земале парите :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #130 на: 27 Мај 2015, 20:18:26 pm »
Одлична објаснета процедура, секоја чест за трудот.
Битно ти си имаш атест, ти ја завериле и од МВР и од секаде, така да слободно свиркај си. Доколку има проблем, повикај си се на тие што ти правеле атест, тие што се подпишале и удриле печат.
Ти пред законот си чист.

Со здравје да си уживаш во убавините на твоето возило кое си го средуваш како што ти е кеф.
Мераклија, се гледа.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #131 на: 27 Мај 2015, 20:22:20 pm »
^^

Нормално. Со среќа вожњата.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #132 на: 27 Мај 2015, 20:22:51 pm »
Честитки! Ај молим те една фотка од сообраќајната, баш ме интересира забелешката... :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #133 на: 28 Мај 2015, 03:01:59 am »
Ќе да си првиот со атестирани предни стакла...За убаво нека е :)

на сите (ако сакаш) прават атест на предни стакла. на машински факултет и да не сакаш, ке ти ги измерат предните стакла... во атестот си пишува дека се мерени сите стакла и им ги пишува мерките-податоците измерени... јас 3-ти пат во животот правам атест на фолии.. првиот пат на машински, другите 2 пати во псс... и секогаш ги мерат (атестираат де ајде) и предните стакла...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #134 на: 28 Мај 2015, 03:48:41 am »
Тука во Битола да добиеш атест на предни стакла е просто невозможно, пробав се и сешто, ги мерат и штом излегува над 30%, не ти даваат атест на предни стакла. За назад, нема проблем...
I’m so mean, I make medicine sick