Па не баш, шо знам... Ако ти се накнадно ставени фолиите, може да те натера на лице место да ги вадиш, или да те прати на технички.
Ако се фабрички затемнети стаклата, што ќе ти прави? Ќе те тера да ги кршиш стаклата?
Искрено, не знам. Никогаш не сум имал затемнети стакла, и не знам како е процедурата. Ама мислам дека има право да те исклучи од сообраќај ако на технички се воспостави дека стаклата според законските прописи пропуштаат помалку светлина од пропишаното.
Затоа што барем тука (Германија) можат да се купат стакла кои се веќе тонирани (значи без фолии) по ДИН стандарди со поголем процент на затемнетост отколку што е дозволен во Македонија. И ако се намонитраат такви стакла, минуваш ТИФ и алес гут.
А после со такво возило во Македонија, или недај боже да го цариниш? Ќе мине ли хомологација или не?
Затоа што, и кај мене во глава ми се мота да го затемнам Бимерот, дали со фолии, дали со менување на стаклата. Ако стариот посака (а знам дека ќе посака) да го земе во Македонија, да не ме натераат да лупам фолии, менувам стакла, или штоидае.