Нејасното е тоа што е возможно такво нешто во нашава држава. Да ти ги земат парите а ти пак да бидеш кабает.
Во нормална држава каде владее правото, би требало одговорност да носи И ТОЈ што издал такво одобрение. Кај нас, во законот не е предвидено дека тој (таа иституција) може да има последици за издавање таков документ.
Или што би се рекло: Атестната институција вика „што бараш, тоа ќе ти пишам, мене закон не ме дира“, ти викаш „супер имам атестирани предни затемнети стакла“, ама на крај џандарот ти вика „не си легален по закон, лапај казна 300е“. Е сеа ти наместо да можеш да им стегнеш тужба за обештетување на атестната институција, можеш само да си платиш казна и да си ги симнеш фолиите.