Автор Тема: Одстранување на катализатор  (Прочитано 55333 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #30 на: 13 Јануари 2011, 14:11:22 pm »
Ако го дигнеш до 190нм, тогаш тоа ти е скоро ист мотор како на Акорд 2.0 155кс, што го имаш на тони низ Скопје и можеш да го пробаш и видиш. Се на се 500 евра и не е многу... Ама не продолжувај.
Акордот е онака, ништо посебно ама не е лош. Повеќе зависи од менувачот и последниот степен кој го има.
Значи 110-130 при колку вртежи постигнува во последна брзина? Епа на толку вртежи и ти е потребна сила.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #31 на: 13 Јануари 2011, 14:47:46 pm »
Да, на ниски и средни вртежи ќе добијам перформанси слични како оние на Акордот 2.0, можеби и маргинално помоќно поради K&N филтерот. На високи до 5500RPM ќе бидат исто така горе-долу слични, а над тоа Акордот ќе биде помќен. Финтата е што Маздата 1.8 максималната моќност од 120KS(во тјунираниот случај 142) ја постигнува на 5500RPM, а Акордот 2.0 максималната снага од 155KS ја постигнува на 6300RPM. Но, во реалност не верувам дека некогаш ќе имам потреба да ја возам колата над 5500RPM.

Брзините од 110 до 130 во 5-та, колку што се сеќавам Мазда-та ги постигнува од прилика на 3100~3700RPM. Токму во тој сегмент и сакам машината да добие на снага, не само во 5-та туку во сите брзини.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #32 на: 13 Јануари 2011, 14:58:17 pm »
Да, на ниски и средни вртежи ќе добијам перформанси слични како оние на Акордот 2.0, можеби и маргинално помоќно поради K&N филтерот. На високи до 5500RPM ќе бидат исто така горе-долу слични, а над тоа Акордот ќе биде помќен. Финтата е што Маздата 1.8 максималната моќност од 120KS(во тјунираниот случај 142) ја постигнува на 5500RPM, а Акордот 2.0 максималната снага од 155KS ја постигнува на 6300RPM. Но, во реалност не верувам дека некогаш ќе имам потреба да ја возам колата над 5500RPM.

Брзините од 110 до 130 во 5-та, колку што се сеќавам Мазда-та ги постигнува од прилика на 3100~3700RPM. Токму во тој сегмент и сакам машината да добие на снага, не само во 5-та туку во сите брзини.
Па да. Земено така океј, јас мислев дека и пониско фаќа 120. Не е голема сума 500 евра па затоа и не е страшно. Ама ти викам не забегавај уште 100, уште 160, уште 30... Направи план и држи се до него. Поголема јачина од Акордот неверувам да постигнеш на било кои обртаи ама блиску.
За нормално возење нема потреба да се вози над максималем момент, заради потрошувачка. Ама 4500 мислам дека е кај тебе, што е многу пристојно.
Само уште одма ти викам потрошњата ќе се качи.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #33 на: 13 Јануари 2011, 15:18:20 pm »
Кај мене максималниот вртежен момент од 167NM е на 4300RPM. Со зафатите кои би ги направил, т.е. remap + K&N + свеќици, очекувам да имам многу слични перформанси со Акорд 2.0 бар до 5500RPM.

Е сега за потрошувачката ќе зависи како ќе ја возам. Може малку да се покачи, но може и да се намали. Најверојатно кај мене ќе се покачи бидејќи не возам економично. :) Во секој случај ако во просек добиам 15% повеќе снага и вртежен момент на средни вртежи(2800~4300) ќе бидам задоволен.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #34 на: 14 Јануари 2011, 21:10:51 pm »
Денес возев на отворено и гледав како се движат обртометарот и брзинометарот во 5-та. 100km/h е точно на 2750RPM, а 160km/h е точно на 4400RPM. Додека возев размислував околу тоа и дојдов до заклучок дека во 5-та ми е потребна агилност од 90km/h до 150km/h, или од 2500RPM до 4100RPM. А тој опсег ми е битен и во останатите брзини.

Како што пишав во другата темата која ја имам отворено за појачување на Маздата, веќе порачав филтер и свеќици. Па ќе направам видеа со меѓу забрзувања во 3-та од 60 до 100km/h и од 80 до 120km/h, во 4-та 80 до 120km/h, во 5-та 80-120km/h и од 90 до 150km/h. Ќе ги правам видеата на исто место, па ќе имаме материјален доказ за тоа дали има бенефит од K&N филтерот и свеќичките.

Потоа ќе направам ремап и ќе снимам видеа со истите меѓузабрзувања, па ќе имаме уште повеќе материјал за споредби.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #35 на: 14 Јануари 2011, 22:44:50 pm »
конечно некој да направи видеа.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #36 на: 14 Јануари 2011, 22:46:01 pm »
може уште сега да предвидам? нема да има никаква разлика :)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #37 на: 15 Јануари 2011, 23:08:33 pm »
Јас имав некои проблми со мојата Aстра 2.0 DTI 16V и пред една недела го извадов катализаторот. Промена има, возилото работи полесно, нема драстична разлика во звукот но ги нема ниту оние неколку KS што некаде се споменуваат.
Се надевам следниот линк ќе им помогни на многумина како најлесно да утврдат дали нивниот катализатор е за вадење/менување.

http://www.youtube.com/watch?v=IzyvL5tQLzU

Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #38 на: 16 Јануари 2011, 07:47:47 am »
@proff
Можеш ли попластично да го објасниш тоа моторот работи полесно?

Што значи тоа, како го забележуваш и што е разликата во однос на некогаш кога не си имал проблеми со катализаторот?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #39 на: 16 Јануари 2011, 17:10:53 pm »
Едноставно подобро прима има подобар одзив на педалата за гас...
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #40 на: 21 Јануари 2011, 00:11:12 am »
Денес возев на отворено и гледав како се движат обртометарот и брзинометарот во 5-та. 100km/h е точно на 2750RPM, 
Ихххх Многу вртежи се тоа за таа кубикажа и на таа брзина, кај мене при брзина од 100 км/ч е на 2100-2200 вртежи.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #41 на: 21 Јануари 2011, 07:11:09 am »
Релативно многу, инаку таман се за да се користи снагата на моторот, т.е. да имаш еластичност на поголема брзина. На пример на било која брзина после 120, кога ќе притиснеш на гас колата убаво си прима.  Си прима и предходно, ама над 120 отпорот на воздухот е многу поголем (расте квадратно), а моторот над 3000RPM е драстично помоќен.

Има и верзија со 6 брзини од истиот мотор, таму 6-та е додадена за економичност и е на релативно понизок обрт.

Е сега, кај тебе ако имаш 5 брзини, тие вртежи се релативно малку. ;) Всушност отпорот на воздухот при голми брзини тебе те спречува да ја постигнеш максималната снага на моторот во 5-та.
« Последно менување: 21 Јануари 2011, 08:02:43 am gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #42 на: 21 Јануари 2011, 11:35:14 am »
Денес возев на отворено и гледав како се движат обртометарот и брзинометарот во 5-та. 100km/h е точно на 2750RPM,  
Ихххх Многу вртежи се тоа за таа кубикажа и на таа брзина, кај мене при брзина од 100 км/ч е на 2100-2200 вртежи.

(Мислам на профф астрата)
Тоа е нормално кај сите возила со турбо. Зошто моментот го добиватат многу порано. А инаку за твојата астра после катализатор, и еден ремап фали (како и на повеќето турбаши).
« Последно менување: 21 Јануари 2011, 13:14:19 pm Deni »

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #43 на: 21 Јануари 2011, 12:28:09 pm »
Ако не се лажам Калимеро вози Вектра В 2003 1.8 16V атмосферски бензинец.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #44 на: 21 Јануари 2011, 12:56:55 pm »
Види неколку поста погоре... Мислев на профф. Грешка. За Астрата ДТИ 2.0.  А изненадно ми е за бензин да е 2200 на 120, ретки се тие. Како овердрајв доаѓа таа брзина? Нема теорија да повлече под 120 во таа брзина.
« Последно менување: 21 Јануари 2011, 12:59:19 pm Deni »