Да, на ниски и средни вртежи ќе добијам перформанси слични како оние на Акордот 2.0, можеби и маргинално помоќно поради K&N филтерот. На високи до 5500RPM ќе бидат исто така горе-долу слични, а над тоа Акордот ќе биде помќен. Финтата е што Маздата 1.8 максималната моќност од 120KS(во тјунираниот случај 142) ја постигнува на 5500RPM, а Акордот 2.0 максималната снага од 155KS ја постигнува на 6300RPM. Но, во реалност не верувам дека некогаш ќе имам потреба да ја возам колата над 5500RPM.
Брзините од 110 до 130 во 5-та, колку што се сеќавам Мазда-та ги постигнува од прилика на 3100~3700RPM. Токму во тој сегмент и сакам машината да добие на снага, не само во 5-та туку во сите брзини.