Дечки, за да престанат глупостиве:
1. Успеавме да избереме датум кој се поклопува со Скопскиот маратон. Тоа гo ограничува и комплицира движењето низ Скопје.
2. Ниедно место што има тесни и неквалитетни улици не доаѓа во предвид. Треба да можат и ниски коли да стигнат таму.
3. Бидејќи планираме ова да биде поголем собир, потребен ни е навистина голем простор.
4. Ќе се обидеме да донесеме и некој од импортерите, да си покажат некое свое возило.
5. Имајте трпение. Кога ќе имаме конкретни податоци ќе ве известиме, и се надеваме на пристуство во што е можно поголем број.