Автор Тема: Идеолошка тетоважа..  (Прочитано 70223 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #45 на: 12 Април 2012, 14:40:29 pm »
А дали е јасно дека не треба сите да имаат факултет?

Дека некој мора да работи и во Тинекс?

Дека Техночист мора да има чистачки?

Дека Вашфабрик мора да има вработени?


Се извитопери целата концепција на вредности. Денес се купува диплома на секој ќош. Сите луѓе не се исти. Има деградирачки работини места. И некој мора да ги работи и нив. Логично е да има граѓани од втор и трет ред. Нема ништо лошо во тоа. И тие се луѓе.

Со невработеност од 50% од кои дел интелектуални граѓани кои се на далеку повисоко ниво од било кој тука. Или било кој со купена диплома.

Извитопереноста не е својство на еднаквост. Поделбата на народот на „збогатени“ и нормални никогаш не била поголема во историјата на ниедна држава на планетава.

П.С. Гледаш дека не е проблемот што ти сече салама инжињер. Туку што тип со купена диплома работи на местото на кое треба да работи инжињерот.

П.П.С. Венко бил кретен? Ауууу јас ќе ја избегнам темава изгледа... Како што реков не е потребно да се мешаат ствари, ама на Венко може да му се пољуљате малце. Кретен бил? Браво. Одамна не сум го следел тој прекрасен човек, а сега ќе се активирам - да читам малку повеќе негови работи. Благодарам што ме потсети Маршер.  :-X



Реалноста ги тера младите единствен избор да им биде факултет по секоја цена. Тоа е од проста причина што газдите на Тинекс, Веро и останатите поради огромната понуда на работна снага ги потценува и цел ден црнчат за мизерни плати, целата одговорност за минуси и друго ја става на плеќите на вработените па овие дури се среќни доколку некој месец земат цела плата без одбитоци. Од друга страна се почесто гледаме луксузни модели на автомобили куќи и слично, тоа се газдите на истиот саламорезец кој не го плаќаат доволно за да овој се чувствува достоинствено и среќно, доколку тој е платен колку што заслужува верувам дека на секоја замерка од госпоѓата ќе одговори културно и со насмевка.
  Затоа секој средношколец иде на факултет, без разлика дали е потенцијал или не. Тоа го прави со надеж дека школото ќе му овозможи подобра работа со цел избегнување на несреќата која ја има саламорезецот или касиерката. Нормално дека некој мора да ги работи овие работи, но како што ќе почне понудата да се намалува така газдата ќе почне да размислува за зголемување на платата, унапредување на работата, примена на нови технологии и фаќање чекор со високоразвиените опшества.
  Но имаме и сосема друга крајност. Пред 2 години само 6% од популацијата беше со Високо Образование. Реално овие 6% би требало многу лесно да се вработатат затоа што очигледен е недостатокот на кадар. Но нивните места ги држат луѓе со недоволен ментален капацитет најчесто вработени по партиска линија држат работни места кој не ги заслужуваат и неможат да одговорат на работните обврски при што трпи заедницата. Доаѓа ситуација кога плакатолепачот доаѓа у маркет и му вика на саламорезоцот со просек 8 , 200 грама мортадела. И готово, тука е крај.

Едина замерка до Венко, како процени дека типот во Тинекс е необразован.

Отсутен GabbyBaby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 102
  • Пали / Гаси :D
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #46 на: 12 Април 2012, 14:43:45 pm »
Одамна не сум го следел тој прекрасен човек, а сега ќе се активирам - да читам малку повеќе негови работи

Ако сакаш можам да ти понудам изданија од Венко во секое време... и тоа не било какви... :) позз
A clean house is a sign of NO INTERNET CONNECTION!!!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #47 на: 12 Април 2012, 14:44:11 pm »
Уште еден пример: еден од министрите во владата стана министер со претходно работно место - референт за студентски прашања на еден од приватните универзитети. Друг министер од истата влада се спаси од бркање од средно школо поради багабонтизам врз своите соученици.

Абе све бива кај нас.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #48 на: 12 Април 2012, 14:45:00 pm »
Темата е хаос...Никој не спомна татко,мајка,вујко,стрико,кој ке ја среди работата наместо факултетот ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #49 на: 12 Април 2012, 14:52:18 pm »
Може ли едно прашање до сите оние кои коментираат во оваа тема?

Прашањето е следно... Дали некој/кој го познава лично Венко Андоновски?

тенкју  :D

Не, зошто?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #50 на: 12 Април 2012, 15:22:37 pm »
Првиот пост на темава незаинтересирано го скролнав, стигајќи до оној на zippo кој поттикнуваше младите ова да го прочитаат. Си реков ај за слободно време ќе ја оставам темава, но по случајност ми се кликна страна 3 од темава каде посебен впечаток ми остави постот на Falanga, за патешествието што го поминал да стигне до сигурна егзистенција.
Постот го проследив на сестра ми која е во иста ситуација (со факултет со просек 8.8, без работа по струка, работејќи по кафиќи да извади некој денар) затоа што мене, што уште не сум стапнал во студентските води, ме мотивираше да работам за тоа што го сакам.

Назад на темата, искрено ми е МНОГУ мило што ја прочитав буквално цела тема од прв до последен пост, и исто така МНОГУ ми е мило што полека, со секој пост, учам кој се внесува username и password на форумов. Од слободоумни, до ограничени, со примеси на неутрални, од разумни до оние во заблуда.

Јас се ставам на страната на оние кои ги сметам за слободоумни, оние кои се спротиставуваат на „неприкосновениот доктор на науки“ Венко, заради неговото деградирање на работник, и судење според работното место. Ја го сфаќам дечкото зошто дома си имам таков работник.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #51 на: 12 Април 2012, 15:22:40 pm »


П.С. Посебно се сложувам со делот за превртување црева, кога некој што нит го знае нит го познаваш, ќе земе да ти профилозофирнува.



За тоа што ти го избришав во цитатот доволно се изјаснив и на секое прашањего имаш одговорот само малце треба да се птрудиш да го најдеш. Да отвориш очи.

Јас не ти градам профил јас давам мислење, мислење има разлика. Кога некој дава мислење тоа значи дека е спремен за објаснување или спремен на убедување во спротивна насока, или барем комуницирање. Тоа не ми треба докторат за да го сватам.

А мислам дека доволно пишуваме и комуницираме нафорумов за дастворам некое мислење кое и немора да е точно. Само ти него одрекуваш туку ти се гади од мене, некултурно. Ние сме дечки кои треба да комуницираат и да праат муабет и самите да се снаоѓаме за нашедобро а не некојси да не реди кој како и што, може да се примети во статијата е самиот контрадикторен.

Иначе муабетот што професорот го напишал нема врска с тоа ти што мислиш и моментално што го зборуваме. Јас сум сигурен дека не е тој човек кој ќе каже дека сите треба да си гизнаеме местата и да се ограничиме. Тоа ти го пишуваш. Професорот само му треба внимание и се издигнува над луѓето кои ги смета дека се мрсули и лигуши за него.  
WTF? И после јас сум вадел од контекст. Нема везе тоа со тебе. Било кој може да ти врти глупи муабети, без разлика на образованието. Експлицитно и јавно кажувам дека не ми се гади од тебе.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #52 на: 12 Април 2012, 15:26:12 pm »
Можеби погрешно сум сватил, јас сеизвинувам ако е така. Тебе лично не сакам да те навредам. Не ми ни била тоа намерата, само неможам да се сложам со тоа дека ти како мој врсник се сложуваш со вакви констатации и муабети. Контрадикторни од еден километар. А на професоров секоја чест, нека му се на алал толку години школо и докторати, може би е паметен и интелегентен ама е дрзок и навредлив за сите пари. Посебно за човек кој го следат многу луѓе со неговите колумни.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #53 на: 12 Април 2012, 16:19:05 pm »
Душан Радович

Денес ќе им биде убаво на сите оние кои не бараат многу.


Пред да тргнете да ја барате среќата, проверете-можеби веќе сте среќни.
Среќата е мала, обична и невпечатлива и многумина не умеат да ја препознаат.

Ние многу сакаме да имаме, но не умееме да живееме со тоа што имаме.Ништо од тоа што имаме, не може да не направи толку среќни, колку што може да не направи несреќни тоа што го немаме.


Што ни вреди што го имаме, тоа што другите го немаат, кога тие тоа го посакуваат повеќе од нас.

Нема веќе нормални.Сите сме малку или повеќе луди.Некои ждерат како луди, некои пијат како луди, а некои работат како луди и тие се најлудите од сите.


Малце пари го расипуваат телото, а многу пари ја расипуваат душата.Луѓето се на голема мака.
Во што да ја чува душата, ако го разболи телото? Што да чува во здравото тело ако остане без душата?

Кој нема во главата има во нозете,кој нема во нозете има во банка,кој нема во банка има
нешто во Гроцка,кој нема ни во Гроцка-ќе му се најде нешто во мокраќата.
Не е баш, дека никој нема нешто некаде.


Дојдоа други времиња.Деца се помалку, а кучиња се повеќе...Кучињата
воглавно се расни, а децата, наши, домашни, диви...





Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #54 на: 12 Април 2012, 16:25:19 pm »
Паоло Коељо  ... на него ме потсетува текстот

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #55 на: 12 Април 2012, 16:45:11 pm »
Ние многу сакаме да имаме, но не умееме да живееме со тоа што имаме.Ништо од тоа што имаме, не може да не направи толку среќни, колку што може да не направи несреќни тоа што го немаме.



Малце пари го расипуваат телото, а многу пари ја расипуваат душата.Луѓето се на голема мака.
Во што да ја чува душата, ако го разболи телото? Што да чува во здравото тело ако остане без душата?

ЕПИК!!!

Добронамерно е ако на некого секое сабајле му маваш по два шамари и листот на кој се напишани реченициве му го напикаш во уста да го голтне.... за да запамти.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #56 на: 12 Април 2012, 17:52:44 pm »
Овој мој пример го наведувам со следнниве поенти:
1. Ако се сака и се даде жртва се може
2. Ако се гледа напред со крената глава може да се издржи и да се биде скутерџија или месар со завршени два факултети но секако може и да се успее многу погоре
3. Не се секогаш работите во рацете на дотичниот човек, многу често нешто друго одлучува и те гази и враќа на почетокот.

Али пазете, има две поенти кои зависат од личноста и една од објективни причини.
Во конкретниот случај со месарот од Тинекс:
1. ако сака дечкото да зема 40.000 плата МОЖЕ!!! Барем јас успеав и многу повеќе од тоа и за 4 пати
2. Ако привремено западнал во невоља во Тинекс не значи дека е закован и дека таму ќе остане цел живот. Барем јас не останав скутерџија и поттрчко на месарите
3. не рекле џабе дека среќата им се смее на храбрите. Дечкото од Тинекс треба да продолжи да си ја бара серќата макар значело тоа и кршење на ѕид со глава. Барем јас успеав иако повторно се вратив во незавидна позиција. Нема тука да запрам, сега имам семејство така да главата ми е уште потврда од порано. Дотичниот Венко за кој прв пат слушам сега исто така не значи дека засекогаш ќе стане професор. И тој мора да гледа напред и да се труди. Ништо чудно и јас еден ден да станам рамноправен колега со него а бога ми и дечкото од Тинекс. Факт е и дека некој не може да постигне ништо од гореспоменатото ама мора некој да биде и експерт за хигиена, перење коли, менување гуми, одзатнување шахти и слично. Експерти се бараат на секое поле, од свињар до пост-доктор.

Затоа велам, не е се црно и бело. Работите се се повеќе сиви во денешно време на анархија и природна селекција.Затоа се сложувам и со Венко и со дечкото и се сите ваши постови. Не ми е поентата да се фалам ни да се жалам. Само да ви дадам личен пример, можеби на некого ќе му ги отвори очите

Имаш 10-ка со кромид и пиво за муабетоф...
Касно седнав да прочитам после мојот последен пост, но истото го кажа што би го рекол и јас...


Кога мислев дека едноставно се губам во ова море од лудило, светлината која ми светна ме натера да продолжам и да стигнам до овде каде што сум..
Не жаламм за се што сум го прошол и што топрва ме чека...Не...Не застанувам овде...Одам понатаму...
Во 90% од животот, лично ние сами си го кроиме патот на успехот или неуспехот...

Кој како ке свати...Кој ке свати знае што зборувам...Миле е еден од нив :)
Дени треба да е во таа група :)

Него кај е гОЈДО да искоментира нешто...Ми фали деновиве :))
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #57 на: 12 Април 2012, 18:19:46 pm »
Или не го заболе за муабетиве, или спрема пост кој ќе мора да се распредели во 3 посебни.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #58 на: 12 Април 2012, 18:53:24 pm »
Каков fail у темава гледам неможам да верувам. Толку паметни луѓе со какви ставови, па и не ги објаснуваат, само надаваат нешто што нема врска.

Толку од мене на темава, очигледно се гледа само својот интерес.


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #59 на: 12 Април 2012, 18:56:25 pm »
Тоа и до некаде е добро. Убаво е да знаеш со какви луѓе седнуваш на муабет.