Душан Радович
Денес ќе им биде убаво на сите оние кои не бараат многу.
Пред да тргнете да ја барате среќата, проверете-можеби веќе сте среќни.
Среќата е мала, обична и невпечатлива и многумина не умеат да ја препознаат.
Ние многу сакаме да имаме, но не умееме да живееме со тоа што имаме.Ништо од тоа што имаме, не може да не направи толку среќни, колку што може да не направи несреќни тоа што го немаме.
Што ни вреди што го имаме, тоа што другите го немаат, кога тие тоа го посакуваат повеќе од нас.
Нема веќе нормални.Сите сме малку или повеќе луди.Некои ждерат како луди, некои пијат како луди, а некои работат како луди и тие се најлудите од сите.
Малце пари го расипуваат телото, а многу пари ја расипуваат душата.Луѓето се на голема мака.
Во што да ја чува душата, ако го разболи телото? Што да чува во здравото тело ако остане без душата?
Кој нема во главата има во нозете,кој нема во нозете има во банка,кој нема во банка има
нешто во Гроцка,кој нема ни во Гроцка-ќе му се најде нешто во мокраќата.
Не е баш, дека никој нема нешто некаде.
Дојдоа други времиња.Деца се помалку, а кучиња се повеќе...Кучињата
воглавно се расни, а децата, наши, домашни, диви...