Автор Тема: Идеолошка тетоважа..  (Прочитано 70216 пати)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #30 на: 12 Април 2012, 12:54:58 pm »
И уште нешто.

Факултетот точно дека те прави пообразован човек ама памет и искуство не ти дава. Не може мене венко да ми каже кај ми се границите само затоа што не сум имал пари да се запишам на факултет. Јас ќе идам ќе работам во СП 3 години и ќе собирам пари за приватен бизнис, ќе идам настрана да пробам да заработам и ќе се вратам да отворам бизнис. Никогаш нема да се помирам дека моето место е негде да сечам салами само затоа што немам факултет и венко тоа ми го кажува. Ќе се борам за мојот живот од секоја страна, ќе гризам вакви луѓе ко дотичниот. И на крај ќе му донесам гастрбајтери со 8 оделение пуни пари ко брод да му држат лекции од животот што го искусиле на овој затуцаниов со главата у книги цел живот. Животот не е волшебното самарче.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #31 на: 12 Април 2012, 13:06:48 pm »
Што мислиш дека работеле гастарбајтерите? :)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #32 на: 12 Април 2012, 13:16:06 pm »
Дени зашто такви прашања на се што ти пишав. Ти си паметен дечко сврзи го сам муабетот, зарем јас необразован со средно треба да ри пишувам уште 10 реченици за да ти ја објаснам поентата.

Те гледам дека имаш идоли, како родител или професори и слепо веруваш во нивната идеологија, правиш филозофии сам да се најдеш у нивната филозофија и слепо верува во тоа. Нема да претпоставам не сакам ама мислма дека имаш малку искуство од животот.

Ова што го збори овој професор никој нема да му го прифати. Ние луѓе сме и еден живот живееме, никогаш никој нема да прифати дека местото му е да сече салама и да биде газен од секој купувач кој сака да му се подредат саламите. Јас да сум бил ќе сум се скинел од смеење. Тоа може само животот полека полека да ни го донесе. Повеќето мади луѓе ак го прифата ова што овој венко го збори дирекно у глава ќе си пукаат.
 

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #33 на: 12 Април 2012, 13:19:38 pm »
Venko posle 22 godini obrazovanie i univerzitetsko iskustvo treba da znae deka debelinata na CV to ne e merilo koj e pogolem covek...tuka na rabota gi imam kolku sakas takvi, so upropasten (ili bez) privaten ili semeen zivot.

Ko sho rece chlinki..zatucani u knigi, a koga krenale glava od kniga sfatile deka nacukale 40 i kusur i pola zivot prosol.

I sto ke pravat tie luge za nekako da se nahranat?
- ili ke se samovelicat na rabotno mesto...ili ke se samovelicat u kolumni.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #34 на: 12 Април 2012, 13:42:53 pm »
Мислиш дека им дале да работат како координатор за распределба на енергетските ресурси во Источна Европа (реален пример имам)? Или дека работеле некоја референтска работа, која е платена минимално (700-1000евра месечно).

Знам дечки што имаат средно, и многу учеле самите. Одлично си ја работат работата.
Знам дечки што имаат докторат, и многу учеле самите. Одлично си ја работат работата.

Ако несакаш да почитуваш доктор на науки, тоа си е личен избор.

Ќе ставиме некој 22 годишен типац од Орце да води милионски бизниси со туѓи пари, наместо пост-доктор на науки во Германија, со 11 научни трудови и 7 признанија, и 21 статија во светски научни весници од областа со 43 години. (Ова е реален пример). По која логика?

Само по една логика.

П.С. Посебно се сложувам со делот за превртување црева, кога некој што нит го знае нит го познаваш, ќе земе да ти профилозофирнува.


Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #35 на: 12 Април 2012, 13:53:41 pm »

Ако несакаш да почитуваш наку*чен доктор на науки, тоа си е личен избор.


поправено

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #36 на: 12 Април 2012, 13:54:18 pm »
Чекај, Венко 22 години студирал ?




;D ;D ;D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #37 на: 12 Април 2012, 14:05:49 pm »
Луѓе а да го прашаме Венко да се доизјасни околу нашите муабети :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #38 на: 12 Април 2012, 14:14:15 pm »
НЕМОЈ, кој знае што ке рече за нашата пасија околу колите ?!?!?!

видиш, му направил целосен психолошки профил на дечкото, судејки му по тетоважата, работното место и манирите ... седи не го дирај ..

Цел тим на Criminal Minds може да му подзавиди ..

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #39 на: 12 Април 2012, 14:18:55 pm »
Човекот само го искажал своето мислење. (кое и ние го имаме за сите околу нас)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #40 на: 12 Април 2012, 14:25:52 pm »


П.С. Посебно се сложувам со делот за превртување црева, кога некој што нит го знае нит го познаваш, ќе земе да ти профилозофирнува.



За тоа што ти го избришав во цитатот доволно се изјаснив и на секое прашањего имаш одговорот само малце треба да се птрудиш да го најдеш. Да отвориш очи.

Јас не ти градам профил јас давам мислење, мислење има разлика. Кога некој дава мислење тоа значи дека е спремен за објаснување или спремен на убедување во спротивна насока, или барем комуницирање. Тоа не ми треба докторат за да го сватам.

А мислам дека доволно пишуваме и комуницираме нафорумов за дастворам некое мислење кое и немора да е точно. Само ти него одрекуваш туку ти се гади од мене, некултурно. Ние сме дечки кои треба да комуницираат и да праат муабет и самите да се снаоѓаме за нашедобро а не некојси да не реди кој како и што, може да се примети во статијата е самиот контрадикторен.

Иначе муабетот што професорот го напишал нема врска с тоа ти што мислиш и моментално што го зборуваме. Јас сум сигурен дека не е тој човек кој ќе каже дека сите треба да си гизнаеме местата и да се ограничиме. Тоа ти го пишуваш. Професорот само му треба внимание и се издигнува над луѓето кои ги смета дека се мрсули и лигуши за него.  

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #41 на: 12 Април 2012, 14:26:39 pm »
човекот ги ИСМЕАЛ сите оние на кои тато и мама немале да им дадат за факултет, меѓу другото ...
Ги исмеал сите кои воопшто работат во таков тип на продавница ...

ја ли сум му крив што он пати од егоизам???
со своите скромни 12 години образование, неколку кратно повеќе земам поголема плата, плата кој он може да ја сонува...

но тоа не ми дава за право да бидам серко и да им судам на сите оние кои работат работа заради сметките кои ги имаат ....
сум бил и на двете страни на рафтот, и како продавач и како купувач ...

само што Венко се дрзнал да суди за поголемиот дел на средната класа ... не сум му ја крив што он после 23 години учење, сеуште не е платен колко он мисли дека заслужува ...

Отсутен GabbyBaby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 102
  • Пали / Гаси :D
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #42 на: 12 Април 2012, 14:30:47 pm »
Може ли едно прашање до сите оние кои коментираат во оваа тема?

Прашањето е следно... Дали некој/кој го познава лично Венко Андоновски?

тенкју  :D
A clean house is a sign of NO INTERNET CONNECTION!!!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #43 на: 12 Април 2012, 14:31:06 pm »
Јас се сложувам со сите ваши муабети иако некои на некои контрираат. Но има една работа: сите (генерално иако не дефинитивно сите) работници во Тинекс се избрани на пазарот на работна сила. Тинекс може да земе сечач за салами за 10.000 денари плата или за 12.000 денари плата. До душа може да земе и човек за 8.000 денари, па за 6 месеца да му ја зголеми на 10.000 денари а за година дена на 12.000 плата. Епа може да земе човек за 12.000 и за 12.000 денари плата. Но двајцата нема да работат исто. Едниот ќе сече салами како експерт а другиот ќе јаде гомна на купувачите.

Значи во конкретниов пример јас вината ја наоѓам кај Тинекс кои единствен интерес им е правење на пари од крвта на работниците и купувачите. Јас го познавам дотичното семејство лично и можам да кажам дека шупките им се бескрајно еластични за прибирање пари а им се кине срце и скратува живот кога еднаш во 10 години ќе поделат социјален пакет на сирумашните и бездомниците во општина Карпош само за да следат партиски наредби и да му пркосат на Дон Стефчо Јакимовски.

Јас кога почнав да работам во 1999 година почнав како техничар во мала компјутерска компанија. Факултетот си го плаќав сам од тие пари (1500 марки годишно) и студирав економски факултет. Работата ми беше поврзана со информатика па сакав да запишам и MIcrosoft System Engineering со цел да станам систем инженер. Не ми стигаше платата за студиите на Microsoft (450 evra испит и слушање за вкупно 12 или 13 испити). Па затоа после работа ми дадоа скутер Даелим да разнесувам весници за Тендерник и Капитал низ цело Скопје. После тоа се распиша потерница по газдата на капитал и таа работа умре (ми остана должен две плати по 7000 денари). После тоа клиенти ми станаа поголемите фирми од месната индустрија и почнав со нив да работам хонорарно држејќи си ја редовната работа за да платам за студирање. Тогаш влегов во секоја нивна продавница сум работел со сите нивни месари и месарки сум вршел секакви работи за нив. Знам кои им се сите маки и во какви услови работат. Прашајте конкретно ќе ви споделам информации.
Се навикнав на таков живот со работа и студирање од 8 до 2 часот наредниот ден. Завршив економски факултет и станав системски инженер. CV-то ми набабре прилично фино. До средно школо веќе имав и диплома по англиски од кембриџ па затоа можев да се ставам на пазарот на повисоко квалификувана работна сила. Така после неколку години завршив во Thomson Reuters во Њу Јорк како „интердисциплинарен економист-информатичар“ специјалист за бизнис аналитика. Но секако не е се во вољата на човекот и неговата снаодливост туку некогаш се мешаат и објективни фактори. Морав да се вратам од таму и да се погрижам за семејството и да останам тука. Слетав исто така на ново работно место исто така интердисциплинарен економист-информатичар како менаџер за развој на софтвер, системска интеграција и трехничка поддршка за плата која не е за фалење. Во дополнение на ова работам и хонорарно во Центарот за економски анализи како менаџер на IT и економист, економетрист и статистичар. Некои од клаберите веќе знаат за што зборувам.

Овој мој пример го наведувам со следнниве поенти:
1. Ако се сака и се даде жртва се може
2. Ако се гледа напред со крената глава може да се издржи и да се биде скутерџија или месар со завршени два факултети но секако може и да се успее многу погоре
3. Не се секогаш работите во рацете на дотичниот човек, многу често нешто друго одлучува и те гази и враќа на почетокот.

Али пазете, има две поенти кои зависат од личноста и една од објективни причини.
Во конкретниот случај со месарот од Тинекс:
1. ако сака дечкото да зема 40.000 плата МОЖЕ!!! Барем јас успеав и многу повеќе од тоа и за 4 пати
2. Ако привремено западнал во невоља во Тинекс не значи дека е закован и дека таму ќе остане цел живот. Барем јас не останав скутерџија и поттрчко на месарите
3. не рекле џабе дека среќата им се смее на храбрите. Дечкото од Тинекс треба да продолжи да си ја бара серќата макар значело тоа и кршење на ѕид со глава. Барем јас успеав иако повторно се вратив во незавидна позиција. Нема тука да запрам, сега имам семејство така да главата ми е уште потврда од порано. Дотичниот Венко за кој прв пат слушам сега исто така не значи дека засекогаш ќе стане професор. И тој мора да гледа напред и да се труди. Ништо чудно и јас еден ден да станам рамноправен колега со него а бога ми и дечкото од Тинекс. Факт е и дека некој не може да постигне ништо од гореспоменатото ама мора некој да биде и експерт за хигиена, перење коли, менување гуми, одзатнување шахти и слично. Експерти се бараат на секое поле, од свињар до пост-доктор.

Затоа велам, не е се црно и бело. Работите се се повеќе сиви во денешно време на анархија и природна селекција.Затоа се сложувам и со Венко и со дечкото и се сите ваши постови. Не ми е поентата да се фалам ни да се жалам. Само да ви дадам личен пример, можеби на некого ќе му ги отвори очите

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #44 на: 12 Април 2012, 14:36:44 pm »
Јас неможам да се слжам со Венко. Затоа што е контрадикторен самиот на себе. А нити со Дени затоа што ако сите мислиме дека сме родени за да бидеме каде што ни е местото (да сечеме салам) не би размислувале како фаланга и би се пукнале во глава.