@Simo: Ако треба на некого да стигнеш да му објаснуваш зашто некоја кола е „убава“ или не е, тоа не е баш многу позитивно за изгледот на колата.
Рецимо, пробај да ја разгледаш по аналогија на "Cool Wall" на Top Gear. Таму нема врска дали и колку добро вози некоја кола, или врз што е базирана, или што ти ја знам. Они проценуваа дали е „кул“ или не.
Аналогно, и јас би рекол дека Alfa SZ има многу позитивности: (викаат дека) одлично вози, феноменално подвозје, фантастичен мотор, звук, дефинитивно несекојдневен и ексцентричен изглед. Ама убава? Не. Ни од далеку.