Издеформирана е ама ги утнал бандаживе, а баш сакав да го барам да правиме пазар. 
Дее бе, за едни бандаши бизнисот ќе го рушиш 
Сликата е искасапена заради околината. СТ 2.0 а не се ни познава дека е. Толицко количе 2.0 мотор, таа шасија... нема турбо лагови и слични глупости и компликации. Влече од 400 обртаи. Лудница! Башка ако поминуваш повеќе од 3000км годишно може и плин да и наштрафиш за да добиеш едно од најсовршените градски возилца.
Баш ѕвер.
Тоа. Тоа го зборам одамна. Отидоа хотхечевите (и другине „спортски“ коли додуша) у бестрага у последно време. Сите се „Глеееј мееее, ама сум страшееен со овие ружниве браниции..“
И не е само тоа. Се претера со сила, се претера со огромни тркала, се претера со спојлеришта и чуда. Се заборави што треба да биде хот хеч.
Ставаш бандавче, непреширока гума, малку го спушташ, спортски волан, обртомер, музиче за рокање, фолииче, и правиш со шрафцигер некое дупче во лонец (ако за инат неќе да подизгори) и добиваш хотхеч југо
