Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Каква дупка во закон бе другар. Во самиот закон за царина и привремен увоз на стоки и добра е предвидено странска фирма да дава услуги на други фирми во и надвор од ЕУ освен ако не се ограничени со квоти или посебен закон. ЈСП има купено услуги од фирми што имаат такви автобуси и фирмите испорачуваат услуга. На овој начин може да се вози возило со странски регистарски таблички кои ќе останат на царинското подрачје на РМ повеќе од 186 дена во една година. Ако е на фирма која работи во Македонија (произведува/врши услуги и дејности) може да остане во границите на РМ повеќе отколку што е пропишано по закон (за товарни возила седум дена трае транзитот, за ПМВ ти е 6 месеци/во секои 12). Или колку ти одлучи/пресече Царина на РМ. Можеш самиот да увезеш ПМВ на странски регистарски таблички иако имаш само македонско државјанство и да ја возиш шест месеци во 12 месеци. Проблемот е како ќе дојдеш до возило со странски регистерски таблички во странство без да имаш регулиран привремен/постојан престој.
Од денеска на линијата 15 почна да сообраќа автобусот на струја, кој што фирмата „Челиот моторс“ го отстапи на Град Скопје во наредните 6 месеци.Автобусот е направен според последните технолошки трендови, троши минимално количество на електрична енергија и е опремен со систем за брзо полнење. За еден ден возење низ Скопје електричниот автобус ќе прави трошок за електрична енергија од 21 евро, што е многу помалку отколку трошоците за дизел гориво на двокатните автобуси кои се 121 евро за еден ден. Еден електричен автобус кој го произведува оваа компанијата чини околу 500.000 евра.„Од денеска Скопје се брои во градовите кои користат електрични автобуси. Најголемата предност е што овој автобус има нула емисија на штетни гасови. Станиците за полнење се поставени на последните станици. Во Скопје веќе сообраќаат два автобуси на гас. Ова се одлични можности за нас како Град да се збогатиме со нови искуства кои понатаму ќе ги користиме во планирањето на модернизацијата на јавниот превоз, а не како што беше порано автобусите да се набавуваат според нивниот изглед“, рече градоначалникот Петре Шилегов.Како што кажа Шилегов досегашното искуство од користењето на автобусите на гас покажало дека со користење на 30 вакви возила месечната заштеда за гориво е 140.000 евра односно за една година ќе се намалат трошоците на ЈСП „Скопје“ за 1,3 милиони евра.„Ќе користиме искуства на различни производителите на различни автобуси со цел врз основа на собраните податоци набавката која ја планираме во втората половина на оваа година биде соодветна и на потребите на граѓаните но и за животната средината“, додаде Шилегов и најави дека уште неколку реномирани светски компании се заинтересирани да се вклучат во овој пилот проект и да донираат на пробно користење нивни еколошки автобуси.
....
Монстер:(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)Ѕверот. Кралот. Врвот.
Цитат: velestrumf на 09 Мај 2018, 20:16:56 pm(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)Ѕверот. Кралот. Врвот. (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ѕверот. Кралот. Врвот.