Автор Тема: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта  (Прочитано 18550 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14234
  • Пудингот на шоферството
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #15 на: 08 Април 2012, 19:40:07 pm »
Какво шо ќе најдев,некогаш двотактол,некогаш моторно,зависи...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #16 на: 08 Април 2012, 19:47:22 pm »
Ова е типично за мечето.... не му менва него дали е скопско, прилепско, јелен, лашко... сега и битолско, абе само да е пиво :) така и во реното му стваше шо ќе најди - дијамант, брилијант абе само да е масло :)
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14234
  • Пудингот на шоферството
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #17 на: 08 Април 2012, 19:48:46 pm »
 :D :D :D :D Шо ке му смени,посекако имаше над 300Ккм изминато..
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #18 на: 09 Април 2012, 00:00:36 am »
samo na odmor ili podolga relacija sibam aditivce za da se izduva poubavo i sl... inaku so sekoja promena na maslo menuvam i filter za maslo na 7-8000 bez razlika kakvo maslo koristam....

Отсутен nekojx

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #19 на: 09 Мај 2012, 23:26:32 pm »
На неколку форуми низ exyu наидов на информација за ставање на двотактол и ATF масло во резервоарот за гориво (нафта) за подобро подмачкување на дизните и бош пумпата, a со тоа и продолжување на векот на самата пумпа. Ова се однесува за дизел мотори од постарата генерација. Какво е вашето мислење? За двотактолот секаде има препорака но што мислите за ATF маслото?
Еве еден цитат на член на еден форум како тој го припрема горивото:

Ja inace kupim 25 litara u kanisteru , ostavim preko noci da odstoji , sutra prespem u drugi kanister preko gaze ( sta svega nema u nafti ) , dodam 1 dl ATF-a , dodam 5 dl benzina i sve dobro promuckam i opet ostavim da stoji 5-6 sati i onda sipam

Значи оваа тема ме натера да си креирам сметка и на овој форум. Како запознаен малку подобро со темата мотори со внатрешно согорување мора да ви кажам неколку работи.
Прво нови адитиви во горива може стриктно да се прават во лабараторија, поради тоа што не сите ефекти се видливи или па слушливи :)
Конкретниот случај, додавање хемија на дизел мотори, ако се додаде бензин (без разлика на октаните, ама повисоки октани поголема штета) нема да постигнете ништо туку само зголемено оштетување на сите делови. Дизелот како гориво има низок октански број, стандардно под 30, тоа ни кашува дека за да настане самозапалување е потребно поголема температура и помал притисок, кај бензинот е обратно висок октански број што значи на пониска температура се пали горивото. Кај дизелот побитна карактеристика е кетанскиот број, тоа ни кажува колку касни зголемувањето на притисокот од првото палење, дериватите со повисок кетански број помало каснење.
Опширно на таа тема
http://en.wikipedia.org/wiki/Octane_rating
http://en.wikipedia.org/wiki/Cetane_number
Е сега, поентата е кога ќе му се стави бензин во дизел гориво на дизел мотор му се зголемува октанскиот број на горивото а се намалува кетанскиот, тоа ќе му направи разлика на тајмингот на палењето (најчесто порано). А рано палење на смесата и тоа не еднакво за сите цилиндри може да придонесе само за напрегање на сите елементи од моторот т.е. добиваш само оштетување а губиш на снага. Новите софистицирани пумпи за убризгување можат да откријат неправилности во горивото ако тие се на значително ниво за да го заштитат моторот од овие негативни ефекти а тоа може да резултира со трајно оштетување на пумпата. [Кој е ставал црвена нафта на ново возило може да знае дека се менува бош-пумпата :) ]
А за додавање масло на дизел гориво за постари модели на дизел мотори може да не прави проблем, но на мотори кои имат катализатор и на мотори со Еуро2 стандард или понови (т.е. со ЕГР сонда или на нашки сонда за РИГ) може да дојде до оштетување на катализаторот односно EGR сондата. Слични се ефектите и за додавање не испитани и не проверени хемикалии во горивото на бензинските мотори. Затоа стриктно препорачувам ако веќе се одлучувате за додатоци во горивата да користете веќе направени додатоци (адетиви) од брендирани фирми и да не го надминувате % кој е деклариран од производителот т.е. да ставате поголемо количество на додаток во помало на гориво.

Отсутен nekojx

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #20 на: 09 Мај 2012, 23:36:11 pm »
Како најквалитетна нафта што моментално се точи на територијата на РМ е EKTO дизелот на Лукоил, не дека е лош и обичниот дизел од Лукоил но далеку подобар е ЕКТО, тоа може да се забележи и на потрошната особено на поновите возила.
И на таа нафта не и треба никакви адетиви, не мрзне зимно време и задоволува ЕУРО5 стандарди.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #21 на: 09 Мај 2012, 23:39:34 pm »
Ajde bravo za Luk Oil. Ako e taka sekoja cest ama toa e za naftata vo rafinerija. Dodeka dojde do krajniot korisnik vekje e krstena :)

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #22 на: 09 Мај 2012, 23:40:35 pm »
Како најквалитетна нафта што моментално се точи на територијата на РМ е EKTO дизелот на Лукоил, не дека е лош и обичниот дизел од Лукоил но далеку подобар е ЕКТО, тоа може да се забележи и на потрошната особено на поновите возила.
И на таа нафта не и треба никакви адетиви, не мрзне зимно време и задоволува ЕУРО5 стандарди.

+1

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #23 на: 09 Мај 2012, 23:47:47 pm »
Na kola so EURO 2 motor i dobar izdrzliv sistem za vbrizguvanje na gorivo (roto-redna pumpa) stavaj sto sakas i nemas gajle.
-Trafo maslo (Od golemite trafostanici - mnogu e kancerogeno !)
-Nafta (crvena, obicna, od lokomotivi itn),
-Zejtin (so dodaten rezervoar i samo topol),
-Zejtin od prodavnica (so dodaten rezervoar i samo zagrean),
-Biodizel (da se smenat crevata i dihtunzite na pumpata so silikonski i nemas gajle),
-Kerozin (mesan so nafta)

Taka da ovie vozila ke si ostanat ceneti posebno vo vreme na kriza i skapi goriva. Imaa t alternativi eheheeeeeej. Kamionite isto taka (postarite).

Za CR, TDI-PD, novite dizeli, JTD, Multijet, D4-D, TDCI... za zal gornovo NE VAZI. E za niv si treba EURO 5 nafta. Zaradi tie vozila imame tolku skapa nafta.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #24 на: 10 Мај 2012, 00:29:15 am »
@nekojx, добредојде, убав издржан пост. Кажи ми, ова за лукоил екто дизелот е лабараториски проверено или е субјективна оцена?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14234
  • Пудингот на шоферството
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #25 на: 10 Мај 2012, 00:32:34 am »
Јас колку шо знам Екто дизел и обичната нафта се продаваат по иста цена.Ако има разлика во квалитетот,односно ако Екто е подобар,се прашувам кој би купувал(точел) од обичната нафта?Или одпрво пуштија некоја пратка подобра нафта колку да се пробие Лук Оил,демек еве квалитетна нафта ова она.Во тој случај Лук Оил нема потреба да продава обична нафта.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #26 на: 10 Мај 2012, 08:59:44 am »
1. Dvotaktol.
Porano nemase aposlutno nikakva potreba za nego, zatoa sto naftata bese zasitena so sulfur i ja podmackuvase 'bosch' pumpata. Denes imame low-sulfur nafta, koja e super za CR dizelite, no ne e dobra za postarite dizeli koi imaat klasicna 'bosch' pumpa. Tvojot motor bi imal korist od dvotaktol. No, dvotaktolot e steten za EGR ventilot, ke dojde do negovo prerano zatnuvanje.

2. Benzin. Najprost nacin da sprecis zamrznuvanje na naftata. Podoboro e da se koristat aditivi protiv zamrznuvanje.

3. Sinteticko maslo za menjac. Sum cital deka ova odlicno se mesalo so naftata i ja podmackuvalo 'bosch pumpata' i diznite, duri podobro i od dvotaktolot. Ne sum probal, no nema zosto da ne im veruvam.

4. Postar dizel trosi se, ako sakas izmesaj 10litri nafta+ 10benzin+ 10zejtin+10 pregoreno maslo, ke go skuva :)  Nov (CR) dizel samo najcista nafta.


Zatapi go egr ventilot i turaj dvotaktol.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #27 на: 10 Мај 2012, 15:19:25 pm »
Веќе сум напишал во неколку наврати дека ЕГР-от на мојот мотор неможе да се затапи. Темата ја отворив само како повод да слушнам различни мислења и искуства. Двотактол ставав повремено. Веќе подолго време го користам Castrol TDA адитивот и LM Diesel Purge. Со овој вториот пред некој ден ги чистев дизните и резултатот е за секоја почит. TDA адитивот го ставам на секое полнење цел резервоар по 50ml т.е. како што е препорачано 1:1000.
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #28 на: 10 Мај 2012, 16:25:47 pm »
Ја редовно ставам 0,5 литри двотактол на 50 литри нафта на Ситроенчето и не чади и потивко работи.
Кај мене ставаме по пола литро на 2 резервара тоа се 100 литри(секогаш пуниме до крај па затоа е така...)

Отсутен nekojx

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Двотактол и ATF масло во резервоарот за нафта
« Одговори #29 на: 22 Мај 2012, 01:50:39 am »
@nekojx, добредојде, убав издржан пост. Кажи ми, ова за лукоил екто дизелот е лабараториски проверено или е субјективна оцена?

субјективна оцена е субјективна работа :) поради немање на соодветна опрема тестирањата се направени директно на возила, конкретно на VW проверено е и со VAG-Com OBD сензорите дека дават подобри параметри, ама и да немаш OBD софтвер слободно може да си направиш тестирање особено ако имаш моментална потрошувача од онборд компјутерот. А за мрзнење на екто-то ми  е проверено е со сигурност во туба има преноќевано на -15 и сабајлето не беше замрзната, секако за официјални резултати треба се специјална опрема сепак чим го имат земано EN590 Euro5 сертификатот јас би и верувал дека треба да продават дизел со тие карактеристики но за да се осете разлика на нафра со 45 и 55 кетани треба понов мотор, Еуро4 или Еуро5.

Јас колку шо знам Екто дизел и обичната нафта се продаваат по иста цена.Ако има разлика во квалитетот,односно ако Екто е подобар,се прашувам кој би купувал(точел) од обичната нафта?Или одпрво пуштија некоја пратка подобра нафта колку да се пробие Лук Оил,демек еве квалитетна нафта ова она.Во тој случај Лук Оил нема потреба да продава обична нафта.
не знам точно кои и се политиките на фирмата, зошто 2 вида на нафти продаваат, инаку цената на нафтата е декларирана со највисока цена од регулаторна комисија со предлог на 3 пониски цени (кај нас сите дистрибутери на нафрени деривати продават по највисоката) и минимум стандарди кои треба да бидат задоволени, ако компанијата се одлучи за повисоки стандарди или за пониска цена тоа е на нивен „грб“ но никако не смее да продава по повисока цена од цената декларирана од регулаторна комисија. :) инаку не ретко имам затекнато на бензинските на ЛукОил да немат екто дизел.
Може сум грешка за оваа со ЛукОил или пак на мене ми се има погодено „убава пратка“ секогаш кога полнам ама сум сигурен дека со додавање на непроверени адетиви особено со бензин и сл нема да добиеш поволни резултати, особено ако имаш понова генерација на мотор.
 Дизел моторите и така се изложени на големи стресови така да нема потерба свое волно да експериментираш со адетиви, освен ако не користеш возило на кое цел мотор може да се најде за 500-600 евра :) во тој случај може да експериментираш и да извадеш филтерот за нафта и барут да му ставеш да видеш може ќе троши -0,5 литра на 100км ( да ти го полни резерварот со пола литро на 100км) мала шала :)  :D ;D
----------
А за блокирањето на ЕГР вентилот треба да се знае дека може да се оштете катализаторот, во правна држава нема да ти дозволат да си ја регистрираш колата со оштетен катализатор, кај нас уште не се почнале да ги терат тие работи ама во иднина најверојатно ќе почнат. Така да среќно експериментирање.