@nekojx, добредојде, убав издржан пост. Кажи ми, ова за лукоил екто дизелот е лабараториски проверено или е субјективна оцена?
субјективна оцена е субјективна работа
поради немање на соодветна опрема тестирањата се направени директно на возила, конкретно на VW проверено е и со VAG-Com OBD сензорите дека дават подобри параметри, ама и да немаш OBD софтвер слободно може да си направиш тестирање особено ако имаш моментална потрошувача од онборд компјутерот. А за мрзнење на екто-то ми е проверено е со сигурност во туба има преноќевано на -15 и сабајлето не беше замрзната, секако за официјални резултати треба се специјална опрема сепак чим го имат земано EN590 Euro5 сертификатот јас би и верувал дека треба да продават дизел со тие карактеристики но за да се осете разлика на нафра со 45 и 55 кетани треба понов мотор, Еуро4 или Еуро5.
Јас колку шо знам Екто дизел и обичната нафта се продаваат по иста цена.Ако има разлика во квалитетот,односно ако Екто е подобар,се прашувам кој би купувал(точел) од обичната нафта?Или одпрво пуштија некоја пратка подобра нафта колку да се пробие Лук Оил,демек еве квалитетна нафта ова она.Во тој случај Лук Оил нема потреба да продава обична нафта.
не знам точно кои и се политиките на фирмата, зошто 2 вида на нафти продаваат, инаку цената на нафтата е декларирана со највисока цена од регулаторна комисија со предлог на 3 пониски цени (кај нас сите дистрибутери на нафрени деривати продават по највисоката) и минимум стандарди кои треба да бидат задоволени, ако компанијата се одлучи за повисоки стандарди или за пониска цена тоа е на нивен „грб“ но никако не смее да продава по повисока цена од цената декларирана од регулаторна комисија.
инаку не ретко имам затекнато на бензинските на ЛукОил да немат екто дизел.
Може сум грешка за оваа со ЛукОил или пак на мене ми се има погодено „убава пратка“ секогаш кога полнам ама сум сигурен дека со додавање на непроверени адетиви особено со бензин и сл нема да добиеш поволни резултати, особено ако имаш понова генерација на мотор.
Дизел моторите и така се изложени на големи стресови така да нема потерба свое волно да експериментираш со адетиви, освен ако не користеш возило на кое цел мотор може да се најде за 500-600 евра
во тој случај може да експериментираш и да извадеш филтерот за нафта и барут да му ставеш да видеш може ќе троши -0,5 литра на 100км ( да ти го полни резерварот со пола литро на 100км) мала шала
----------
А за блокирањето на ЕГР вентилот треба да се знае дека може да се оштете катализаторот, во правна држава нема да ти дозволат да си ја регистрираш колата со оштетен катализатор, кај нас уште не се почнале да ги терат тие работи ама во иднина најверојатно ќе почнат. Така да среќно експериментирање.