Автор Тема: Ford Fiesta 1.25 2010  (Прочитано 34649 пати)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #30 на: 03 Август 2011, 01:30:32 am »
Ае да се испожалам јас сега малце тука...
имав проблемче со фиестатааа мислев мало ама не е баш мало проблемчето..среќа се е ок сега...класниот веќе од извори блиски на владата дозна за мојот проблем..
Ова се деси пред некои десет дена..едноставно колата у вожња не примаше гас..и едноставно го смени звукот...значи моторот не работеше како што треба и никако да прими гас пред 3 ипол 4 илјади обртаи и после нагло уклучуваше..али ко за среќа бев блиску до МиДа и одма ја однесов...Ај ја однесов таму видоа али уствари ништо не видоа и ми ја задржаа колата на доктоор :( и сеа после 10 дена секојдневно јавување и замарање на тие чичковците таму конечно вчера колата е домче со дијагноза следна -
Сменет ребраст каиш ( а колата има поминато е***и 7000 км )
и изместено палење и такви ситници некои

Малце ептен чудно што се ова се дешава на кола ни година стара и со толку км ама ај...сеа се е ок колата е ко нова дури гратис ми стаиле 20 литри бензин и гратис ми ја испрале :)
Дијагнозата шо ја кажале луѓево од таму е ко ова се случило поради тоа што била запалена на буткање или такво нешто слично, а такво нешто не ми се случило!!! Луѓево од таму прво нешто што ми кажаа е тоа дека сумњаат у бензинот...Инаку пунам исклучиво 98ца на Макпетрол и најчесто да не речам секогаш на бензинската у Влае...и коа го извадиле бензинот одколата сите се чуделе и сеупте се лудат што тоа мене ми ставиле наместо бензин...значи го чуваат тоаа нешто сеуште у шише и на се мириса само не на бензин..којзнае какво гомно ми ставиле у колата тие сељаците у Макпетрол...среќа што сеуште е под гаранција колата и се се среди без никакви проблеми и тоа се заради најлошиот бензин (ако може да се каже) на планетава...

инаку ова вака некако на бзање го напишав само што се враќам од одмор си ја извозев колата се е у реду со неа и одма да се пожалам на форум, а утре идеме на малце карање ако треба и тепање со Макпетрол у Влае :)))

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #31 на: 03 Август 2011, 03:32:01 am »
друже не у макптерол у влае на бензинска, туку директива у дирекција карши цветен пазар. на пумпа ништо нема да постигнеш, патем и голем дел од пумпашите се волови, сеа демек ги испраќаа на едукативни крусови за лепо понашање ама кур се тресе. иди си у дирекција, доле на рецепција прашај кој е одоговрен и нека те испратат таму да си напраиш муабет со него, земи си и извештај од сервис како доказ. и пиши што си направил. друга варијанта што ми текна е тоа, да возилото твое си имало фабричка мана која што ти ја отклониле и за да не те одвратат од марката(нели ако си задоволен утре пак ќе сакаш форд да купиш) да ти посочат друг проблем и друг да биде кривец за тој проблем а не самата фирма. некако у македонијава се некако ми иде да не веруем на никого, сите се трчи лажи, ти се мочам у државата.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #32 на: 03 Август 2011, 04:38:43 am »
Да ти кажам и тоа ептен ми се моат у глава...зашто коа ми се деси се ова не ми светна никаква сијаличка за грешка некаква..што незнам малце ми е чудно, зашто постојат сијаличкиве ако не сигнализираат некаква грешка која ја имаше..ќе видиме..не ми е целта да идам да се малтретирам со макпетролци туку едноставно да ги пратам на едно не баш убаво место...инаку и од сервис Илија за Фиат што е уште одамна ми имаат кажано да не ставам таму бензин зашто правеле секакви глупости со бензинот баш на таа пумпа али ја упорно таму си одам дека ми е ептен згодно местото и по пут ми е :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #33 на: 03 Август 2011, 08:12:59 am »
Згодно место и по пут ти е, ама вакви фрки се дешаваат. Ја одамна престанав да пунам гориво на Мракпетрол, а кога полнев, полнев исклучиво на бензинската после Румунска болница.

Нека не те мрзи, иди полни си на Лукоил, и вакви работи нема да се случуваат. :)

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1316
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #34 на: 03 Август 2011, 08:50:43 am »
на еден друг форум имам напишано искуство на мој пријател со нов круз кој напунил исто на оваа бензинска во влае.зимно време несакаше да му запали колата.па од кога викнал шлеп служба и ја однеле во овластен сервис му рекле дека има премногу вода во резерварот.значи бензинот на таа пумпа на макпетрол го мешаат со вода.
барај им да ти платат оштета од 5000 евра или во спротивно ќе објавиш во весници и во медиумите.

мора некој инспектор да стави крај на таа пумпа на макпетрол.

форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #35 на: 03 Август 2011, 09:16:51 am »
Незнам само како не разбирате дека вода и бензин не се мешаат?
Еве јас кога ке има собир ке донесам и вода и нафта и бензин и на оној јунак што ке успее да ги смеша ке му дадам некоја награда по договор, во спротивно он на мене истата...

Друга работа што не ми е јасно е како може да рипне ребраст каиш од лош бензин? Каиш може да рипне од мал милион други работи, ама од лош бензин многу е прозирно да ти каже некој...Претпоставувам дека заради тоа и го менувале...А палење раздесено е друг муабет кај новиве коли...Тоа се подесува ваљда преку компјутер...Не е онака сељачки на штрафче како кај 101, па се олабавило штравчево и палењето се изместило...

Ја не ги бранам МП, ама сеа се изнакажаа милион глупости...
+ на таа бензинска време за малверзација има толку многу малку, да тоа не е нормално...Бензинската работи 24 часа, + е фискализирана, така да никој не може да те краде во тој поглед...Сите пари одат во каса, секоја капка се регистрира...
Па мислите дека некој е толку ретардиран да изгуби работно место на кое зима 30к денари за смрдливи 500 денари?

Ако бил проблем во горивото, ондак преварата може да се прави на глобално ниво, односно дирекцијата да прави малверзации, со тоа што ке се продава бензин со значително полош квалитет кој е претходно набавен по смешна цена, а се продава по цена актуелна на пазарот...
И ако некој имал проблем со лошо гориво, веројатноста дека уште некој ке имал ист или најмалку сличен проблем како овој на DayWalker....

Јас тврдам дека бензинот е живо ѓубре, но за да се докаже тоа секој кој се сомнева може да пријави во инспекција со извештај од сервисот каде што му го сервисирале возилото и фино лепо да оди и да ги пријави...Инспекторите не се рамнодушни во тој поглед...Многу се надркани во последно време, па така да може многу јако некој да си го добие...

Значи се да биде по пропис постапката е следна...Фино лепо DayWalker побарај писмен извештај за направениот сервис, во кој ке биде посочена ПРИЧИНАТА за настанатиот дефект, а не можната причина...Кажи им дека тоа ти е потребно за во инспекција и дека ке покренеш постапка за побарување на оштета која ти е нанесена од страна на МП.
Доколку го направиш ова чекам да кажеш како се одвива постапката понатаму...

п.с. Кога ке го обезбедиш потребниот документ од МИ-ДА, одиш во инспекција, фино лепо ги пријавуваш, но мислам дека ке треба да имаш и фискална сметка од датумот кога си полнел бензин како доказ (претпоставувам немаш како и никој од нас), и после другото е работа на инспекторатот....
Таков сличен проблем јас си решив со мобилен купен од Космофон, па не само што ми ја вратија полната сума од 20 000 за телефонот него си добив и нов телефон беспари...

Инаку како за инфо јас од како возам, последниве 17 години полнам на таа бензинска и сум полнел во сите приватни возила кои сум ги имал до сега, а полнам и во службените и не сум имал проблем...(бензиската во Влае на партизанска што води накај центар и е 24 часа отворена)

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен vili

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 114
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #36 на: 03 Август 2011, 09:32:34 am »
МИДА во случајов ми изгледа сека си ја ишка мувата од капата.

Најчеста причина за сите проблеми што ги имаат новиве возила под гаранција е горивото.

На мој другар му се случи во СЕАТ да му кажат дека наточил дизел наместо бензин а колата имаше проблем само при ладен старт знаеше да изгасне. Наредно палење си одеше нормално.

Од ставеното гориво половината му беше потрошено кога ја однесе на сервис, и не ми е јасно како одела на нафта.

 

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #37 на: 03 Август 2011, 09:36:24 am »
Јас стварно многу се нервирам кога читам и слушам дека некој има проблем со ново возило, а потоа ке се изнаслушам еден куп глупости од овластен сервис како сите други се криви а они се во право...

П.С. DayWalker ако одиш во МИ-ДА да побрараш извештај, не им викај дека немаш фискална кога си полнел гориво...Напротив нагласи им дека со нивниот извештај во кој ке го напишат она што ти реков во погорниот пост, ке ја приложиш и фискалната кога си наполнил гориво на пумпата на МП и покрај тоа што ја немаш...Баш ме интересира исходот по муабетов...
Па ке видиме кој е прав а кој е крив...Сами ке си се кажат ;)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1316
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #38 на: 03 Август 2011, 09:36:57 am »
добро бензинот не се меша со водата. него претпоставувам дека досипувале вода.
како тогаш му нашле вода во резерварот и во системот?
а човекот наточил на таа мистична пумпа.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #39 на: 03 Август 2011, 09:37:52 am »
Ти прерипал заб... ребрастиот и затоа тоа бучење и чукање на вентилите

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #40 на: 03 Август 2011, 09:38:45 am »
Ти прерипал заб... ребрастиот и затоа тоа бучење и чукање на вентилите
+1

А од лошо гориво ова се случило? :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1316
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #41 на: 03 Август 2011, 09:51:55 am »
ако сецкала=трокирала колата
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #42 на: 03 Август 2011, 11:03:38 am »
Како ти е со потрошња колава? Градска-Надвор? И дали си сигурен дека треба 98 да ставаш? Прочитај, кај мене пишува 91-95 на полото, а фиестата ми е дизел. Ама и кај треба треба да пишува... Поз!

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #43 на: 03 Август 2011, 12:28:40 pm »
Добро вика дени..на секоја кола пишува со какво гориво треба да работи..така да провери да не испадне на крај твоја кривица..
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #44 на: 03 Август 2011, 12:32:05 pm »
На капачката за бензин фино лепо си пишува, а мислам дека и поновиве фордови си имаат осигурач за црево... Другарче има Фокус претпоследна генерација и инка му дадоа ако сака друго гориво освен фабричкото да става.