Автор Тема: Ford Fiesta 1.25 2010  (Прочитано 34629 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #225 на: 22 Јули 2014, 09:04:06 am »
Се извади сега, се извадиииии! :)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #226 на: 22 Јули 2014, 10:40:37 am »
Не бре, сериозно!

Јас кога се вратив во собата од Егремни си реков, да знаев дека е вака ќе ја оставев за на крај посетата на таа плажа  :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #227 на: 25 Февруари 2015, 21:07:48 pm »
Кога рече ќе ставаш пониски федери?

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #228 на: 21 Јуни 2015, 18:39:05 pm »
Ајде да ја разбудам темава малце :)

Викендов малце повеќе внимание и посветив на колата. Во четвртокот прво ја исправ, онака дома сам, со многу мерак. Се перевме можда 4-5 саати. Светнавме ептен, само средството за бандажи не ми заврши работа, имам brake dust малку што не се извади, ке барам некое што го бива и за таа работа. Слики неам, ама не е веќе така чиста се утепа од врнење :(

Вчера фатив и внатре да ја средувам. Не ми се веруваше дека толку се запрљала колата. Одлично се исчисти, внатре светна! не се препознава :) Користев Пулимакс по препорака од Симо. Тенкс.
Вака почнавме, јас чистев другарот ми праеше друштво :)



Секое пластиче секое ќоше, секое место го средив. Еве и неколку слики од пред и потоа, али касно почнав да сликам.

Пред:






Лево чисто, десно не


Еве како изгледа чисто:







У меџувреме додека чистев у гепек, се напнав со затворањето и тропањето на проклетата регистрација. По краток муабет клаберски, решив да заигра бормашината. Заигра што заигра и сега гепекот се затвара ко у ролс ројс, без никаков звук од таблицата :)






После тоа увидов дека штрафчињата ме нервираа, двоеа сребрени на белата таблица, мислев да барам бели штрафчиња, арно ама видов дека имам бело спрејче дома што ке заврши работа, па и тоа го средив.




Испив некое пиво и си легнав да спијам. Денес со нови сили во нови победи дојдоа на ред седиштата. Возачкото седиште ми е доста валкано, односно крем штофот си прима боја од фармерки. Порано избегавав да носам нови фармерки, ама јебига, нема сеа да приумирам за седиштата. Доста трлање и некое средство што мириса на цитрон, седиштата се освежија ептен. Не е како хемиско кога би направил, ама се освежени и се доста по чисти него што беа. Јас, задоволен.



Не ги сликнав седиштата прљави, забораив, али еве една слика што ке го долови моментот, заедно со главниот виновник за нивната состојба :)



Хемиско ке биде во брзо време, најверојатно Јули, да дојде малце потполо време, или да си најдамизговор да појдам до Прилеп да му ја остаам на Теен колата, ако не успеам тоа тука ни е Даме у Скопје :)

Еве и некој апдејт:

Поминати км 33460
Сервис последен имав лани во Јули, сега сакав да праам, но се консултирав со дечките од МиДа кои ми рекоа да уживам малце, не е ред дојден за уље мењање, да повозам уште малце, да ги барам септември/октомври таман кога ке праам регистрација.
Потрошувачката е 7.1 литар според бордот, што е супер, воглавно е ова возење низ град. Не ми текнуива кога го ресетирав трип компјутерот, очигледно пред 750тина км. Мислам дека нема вожња на отворено вкалкулирано, ама не сум сигурен. Воглавно колава се движи у Скопје и само ја си ја возам.

Поминати км

Потрошувачка

Просечна брзина

Сето тоа измерено на


Состојбата внатре е одлична! Чистејќи го секое ќоше, видов дека нигде ама апсолутно нигде не ми е изгребана или некако оштетана внатре. Освен воланот кој ке биде сменет во најбрзо време (кожата). Најдена е и кожа и мајстор, го чекам чоекот да се ослободи и да идам до МиДа да го отштрафат воланот да го средиме и тоа. Друго е прилично како ново сеуште. Ништо што едно добро хемиско не би можело да реши.

Надвор е исто прилично во добра кондиција. Нарачан ми е нов знак ФОРД за напред, пошто овој е дефектен. Односно од стоење на сонце почна да се лупи, чекам да стигне да го сменам. Назад имам некои две гребнатинки кои не знам од кај ми се. Уствари знам дека ја остаив колата на паркинг и коа се вратив ги имаше, јебига СТИГ улета да спаси ситуација додека не дојдам ханзапласти како куде Класнија. На задна лева врата некое моторче или самтинг се десило и има една вдлабнатина, која или Томе ке го терам да ја решиме или не знам, ама не е страшно, само вдлабнатинка е малечка, не е изгребано или нешто друго. Ја натерав мајка ми да ми купи фолииче за под кваките, пошто нема да ги пуштам у кола да ми влезат. Под кваката на сувозачката врата има само гребаници, од женски нокти, кај мене на возачко нема ништо. Ке ги убијам!




Следно што му се мислам, ако успеаам финансиски да стаам пониски спиралчиња. Од вчера/завчера гледајки ја у мисла се стаив тоа. Одамна сум зборел дека можеби би ставил, ама сега некако по сигурен сум во тоа.
П.С. Роденден ми е на 12ти Јули :D :D :D :D

Тоа е тоа, останува неделава да ги посетам дандо и бушав да ја средиме малце од надвор, АМА ако не врне! Хемиско, полирање, средување на кожата на воланот ке биде брзо, а ако планетата венера навлезе длабоко во планетата јупитер ке земеме и Eibach :) Само ко што сум ја за нигде, ако ја спуштиме ке сакам и 16ки минимун бандажи, а то си повлеквит и гуми....

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #229 на: 21 Јуни 2015, 18:58:52 pm »
Па добро за 4 години и тоа што треба да го менуваш не е ништо.
Него зошто мајстор за воланот???
Нема да ти го менуваат под гаранција???
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2998
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #230 на: 21 Јуни 2015, 19:23:45 pm »
Со обични штрафчиња ги заштрафи таблиците?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #231 на: 21 Јуни 2015, 19:24:33 pm »
Одлично изгледа. Бомбонче.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #232 на: 21 Јуни 2015, 19:36:10 pm »
@Сале - Не е под гаранција колата. Треба да ја сменам кожата, да се претапацира. Имам мајстор и кожа, чекам човекот да ми се ослободи, пријателче ми е. Само он не се нафаќа да го вади воланот, треба у МиДа да ми го извадат да однесам човеков да си заврши работа и пак назад на штрафење :)

@Дуле со истите од претходно што беа заштрафени пластиките.

@Златкоа тенкју колега :) сеа само полирање и хемиско има да биде ко нова :D

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #233 на: 21 Јуни 2015, 19:41:41 pm »
Навлаки има на седиштава или не? Тежок ентериер за одржавање, крем боја... :)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #234 на: 21 Јуни 2015, 19:46:12 pm »
Нема навлаки, не знам не сакам.
Тешкичка е за одржување, поготово кучето коа беснее внатре :D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20632
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #235 на: 21 Јуни 2015, 19:50:47 pm »
Кое куче?














The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #236 на: 21 Јуни 2015, 20:55:53 pm »
По лично е кога таблицата е со рамка.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Ford Fiesta 1.25 2010
« Одговори #237 на: 21 Јуни 2015, 21:42:13 pm »

По лично е кога таблицата е со рамка.


Секој со свој вкус, мене пак секое ауто ми е поубаво без рамка


Гуд џаб дејвокер, си ја светнал :)
No turbo, no fun :)