И јас мислам така, бидејќи апаратурата со која мерат се монтира на бандаж, а не на цело тркало.
Иначе ме зачудуваат поплаките за центрирање на воланот. Како искусни возачи и сами знаете дека (скоро) секоја кола има степен на слободен од во воланот, и е многу тешко да се погоди центарот на тој слободен од кога возилото е стационарно. Затоа ќе се вратите на рекламација и нивна должност е да се корегираат.
Друга работа е ако воланот е 90 степени десно/лево а колата оди право, тоа е стварно за јавно дискредитирање на сервисот. Во поглед на двата сервиси кои се спомнуваат тука, луѓе кои ги познавам, а биле и таму и таму се задоволни.