Компанијата „Фолксваген“ планира да ни претстави нов модел кој ќе носи назив Golf CC. Иако во „Фолксваген“ се задоволни со продажбата на моделот „Џета“ постојат купци кои, покрај практичноста, сакаат и повеќе стил.
Новиот „Голф“ ќе биде купе со четири врати, инспирирано од атрактивниот Passat CC, а финансиски гледано ќе биде многу поприфатлив од своите конкуренти во таа класа. Новиот СС ќе ја прати дизајнерската линија на актуелниот „Голф“, но ќе има нова и уникатна маска и целокупна надворешна линија. Бидејќи ќе ја дели платформата со стандардниот „Голф“, очекуваме дека ќе ја користи продолжената MQB платформа, со што автоматски ќе обезбеди поголема пространост во кабината и поголем багажен простор.
За придвижување ќе ги користи веќе познатите мотори - 1,4-литарскиот TSI со 120КС и 2,0-литарскиот TDI со 150КС. Подоцна ќе биде понудена и GTI изведба со 2.0 TFSI мотор со сила од 220КС и 350Nm вртежен момент.
Премиерата на новиот „Голф“ CC е предвидена за 2015 година.



