Начелно се согласувам. Сепак, си имаат своја привлечност.
- Fiat 500 продолжува да биде lifestyle возило, и како такво - успева да се продаде. Тие Abarth варијантите помагаат.
- За Пунто се согласувам. Одамна треба да оди во пензија.
- Панда е кул. Пластична, ама кул.
- Типо е интересно - пластично е, ама па.. Одлична замена за Линеа-Минеа и компанија. Добро изгледа, релативно фино се вози, само малку со цените зајдоа.
- Не се согласувам дека Џулија има поента само ако е Квадриплеџио - сите се добри. Имаат недостатоци, секако, ама дури и 150-коњската што ја возевме беше многу добра за возење и генерално е океј. Не е најдобра во сегментот, ама е стварно компетентна. Али да, се согласувам дека стварно треба да си фан на брендот за да ја избереш пред BMW/Merc. Или да сакаш нешто што конкретно не е BMW/Merc.
- Кај Стелвио мислам дека го промашија дизајнот. Особено напред. Клучната карактеристика кај него е дека е Алфа Ромео, ама не знам до каде може да оди со тоа.
- Да, Фиат 500 сеуште се шлепа на стара слава, меѓутоа, прашањето е, до кога? Сепак сега веќе има значително повеќе интересни и привлечни конкуренти во таа класа, за разлика од пред 10ина години, кога го воскреснаа Фиат 500 и направија бум.
- Пунто требаше да оди во пензија уште Тито кога беше жив. Не ми е јасно како и зашто сеуште не го обновиле, или барем тргнале од пазарот. Срамота е.
- Панда не можеш да најдеш ни у албум со сликици. Едноставно, ретко кој ја тангира. Штета.
- Не знам колку би било Типо интересно во Германија, за да те натера да ја правиш замената баш за него.
- за Џулијата, сам си одговори. Баш поради тоа што треба ептен многу да бидеш за Алфа (или контра другите) за да ја земеш „нормалната“ Џулија. Уште еднаш, колку за потенцирање особено за германски пазар, Џулија нема караванска изведба.
- се имам завртено по новиот Хјундаи Санта Фе. Се имам завртено по Мерцедес ГЛЦ и по БМВ Х4 (повратив у двата случаи, ама битно се завртев). Стелвиото само го проаѓав. Не ми даде една, макар најситна причина зошто да се завртам по него.