Во деловниот свет малку тешко се даваат многу пари заради фалење, заради имање (тенденцијата е да се уситнуваат компаниите а не да се укрупнуваат) односно без причина.
Мене ми се чини дека сопствениците на акциите на Астон Мартин не се задоволни со финансискиот резултат на компанијата. Затоа и продале 5% на Маерцедес.
Од друга страна Мерцедес, гледаат бизнис прилика во Астон Мартин бидејќи овие произведуваат и продаваат многу сродни производи како и Мерцедес. Мерцедес сигурно се осеќаат спремни да ги намалат трошоците на изработка на возилата на Астон Мартин со тоа што ќе делат подвозја, мењачи, мотори, електроника, изработка на компоненти и слично и веруваат дека на тој начин ќе дојдат до поголема заработка. Исто така команиите кога купуваат други компании скоро секогаш тестираат различни бизнис модели (нормално во големите компании малку тешко одат промените а камо ли тестирањето на нови бизнис модели, лошо е мерцедес евентуално да усерат кај себе, затоа може да ризикуваат кај АМ). Ако се подразмисли, има едно чудо причини и логика што Мерцедес го прават тоа.
Само 5% мислам дека е незначајно во можноста на Мерцедес да менува нешто во АМ. Но ако го купат цел.... тогаш има милион причини зошто би го направиле тоа.