Автор Тема: Вести од Автомобилскиот Свет  (Прочитано 358456 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1410 на: 20 Март 2018, 09:58:21 am »
Сега баш го гледав на паркинг Стелвиото. Not bad. За таа класа.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1411 на: 20 Март 2018, 10:12:26 am »
Видов едно црно пред некое време. Многу „ради реда“ возило, како и добар дел од СУВоите, со таа разлика што ништо на Стелвиото не ме натера да го загледам поубаво.
Huge lump of black nothingness.

Не знам само со кои возила Фиат и Алфа ќе привлекуваат купци. Едино нешто за кое можеби би добил 8000 евра премија за старото возило, е доколку таксаш Џулија КуВе (нема ништо лошо во тоа). Ама за сите други класи/потреби/што ти ја знам, едноставно немаат што да понудат.
- Фиат 500/Панда/Пунто се толку застарени, што мислам дека ги имаше во уводната сцена на Одисеја 2001, паркирани у близина на Монолитот.
- Фиат Типо не знам што има да понуди и колку е навистина конкурентен.
- Алфа Џулија - има поента само ако е КуВе. За другите изведби, има и подобри опции. Нема караван (нешто што во Германија е од исклучителна важност).
- Алфа Стелвио - не знам зошто било кој љубител на ваков тип на возила, би го купил баш ова. Не знам дали има клучна карактеристика.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29676
    • CARclub.mk
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1412 на: 20 Март 2018, 10:35:51 am »
Начелно се согласувам. Сепак, си имаат своја привлечност.

- Fiat 500 продолжува да биде lifestyle возило, и како такво - успева да се продаде. Тие Abarth варијантите помагаат.
- За Пунто се согласувам. Одамна треба да оди во пензија.
- Панда е кул. Пластична, ама кул.
- Типо е интересно - пластично е, ама па.. Одлична замена за Линеа-Минеа и компанија. Добро изгледа, релативно фино се вози, само малку со цените зајдоа.

- Не се согласувам дека Џулија има поента само ако е Квадриплеџио - сите се добри. Имаат недостатоци, секако, ама дури и 150-коњската што ја возевме беше многу добра за возење и генерално е океј. Не е најдобра во сегментот, ама е стварно компетентна. Али да, се согласувам дека стварно треба да си фан на брендот за да ја избереш пред BMW/Merc. Или да сакаш нешто што конкретно не е BMW/Merc.
- Кај Стелвио мислам дека го промашија дизајнот. Особено напред. Клучната карактеристика кај него е дека е Алфа Ромео, ама не знам до каде може да оди со тоа.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1413 на: 20 Март 2018, 10:44:08 am »
Fiat 500 постои само како основа која преку родосквернавање стигнала до Fiat 500L, и Fiat 500X.

Слично како што е и Mini Cooper, за инцестуозните негови испади.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34098
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1414 на: 20 Март 2018, 10:47:45 am »
- Fiat 500 продолжува да биде lifestyle возило, и како такво - успева да се продаде.

Што е по дефиниција уствари lifestyle возило?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1415 на: 20 Март 2018, 10:49:14 am »
Начелно се согласувам. Сепак, си имаат своја привлечност.

- Fiat 500 продолжува да биде lifestyle возило, и како такво - успева да се продаде. Тие Abarth варијантите помагаат.
- За Пунто се согласувам. Одамна треба да оди во пензија.
- Панда е кул. Пластична, ама кул.
- Типо е интересно - пластично е, ама па.. Одлична замена за Линеа-Минеа и компанија. Добро изгледа, релативно фино се вози, само малку со цените зајдоа.

- Не се согласувам дека Џулија има поента само ако е Квадриплеџио - сите се добри. Имаат недостатоци, секако, ама дури и 150-коњската што ја возевме беше многу добра за возење и генерално е океј. Не е најдобра во сегментот, ама е стварно компетентна. Али да, се согласувам дека стварно треба да си фан на брендот за да ја избереш пред BMW/Merc. Или да сакаш нешто што конкретно не е BMW/Merc.
- Кај Стелвио мислам дека го промашија дизајнот. Особено напред. Клучната карактеристика кај него е дека е Алфа Ромео, ама не знам до каде може да оди со тоа.

- Да, Фиат 500 сеуште се шлепа на стара слава, меѓутоа, прашањето е, до кога? Сепак сега веќе има значително повеќе интересни и привлечни конкуренти во таа класа, за разлика од пред 10ина години, кога го воскреснаа Фиат 500 и направија бум.
- Пунто требаше да оди во пензија уште Тито кога беше жив. Не ми е јасно како и зашто сеуште не го обновиле, или барем тргнале од пазарот. Срамота е.
- Панда не можеш да најдеш ни у албум со сликици. Едноставно, ретко кој ја тангира. Штета.
- Не знам колку би било Типо интересно во Германија, за да те натера да ја правиш замената баш за него.

- за Џулијата, сам си одговори. Баш поради тоа што треба ептен многу да бидеш за Алфа (или контра другите) за да ја земеш „нормалната“ Џулија. Уште еднаш, колку за потенцирање особено за германски пазар, Џулија нема караванска изведба.
- се имам завртено по новиот Хјундаи Санта Фе. Се имам завртено по Мерцедес ГЛЦ и по БМВ Х4 (повратив у двата случаи, ама битно се завртев). Стелвиото само го проаѓав. Не ми даде една, макар најситна причина зошто да се завртам по него.
« Последно менување: 20 Март 2018, 11:04:07 am velestrumf »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1416 на: 20 Март 2018, 11:00:20 am »
- Fiat 500 продолжува да биде lifestyle возило, и како такво - успева да се продаде.

Што е по дефиниција уствари lifestyle возило?
Па имаш некое евро плус за кола, не ти е жал да го дадеш тоа евро плус, сакаш стокмено аутце, ама не си сноб и несакаш да те мислат за симнат од планина. Земаш Fiat 500.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34098
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1417 на: 20 Март 2018, 11:03:28 am »
- Fiat 500 продолжува да биде lifestyle возило, и како такво - успева да се продаде.

Што е по дефиниција уствари lifestyle возило?
Па имаш некое евро плус за кола, не ти е жал да го дадеш тоа евро плус, сакаш стокмено аутце, ама не си сноб и несакаш да те мислат за симнат од планина. Земаш Fiat 500.
Аха, јасно. Фала за објаснувањето. Да, Фиќото си е добро како Lifestyle возило.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3779
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1418 на: 01 Април 2018, 11:03:08 am »
C3 најпродавана нова кола кај нас во Февруари а и за првите два месеци

https://bestsellingcarsblog.com/2018/03/rep-of-macedonia-february-2018-citroen-c3-takes-control/
« Последно менување: 01 Април 2018, 16:28:18 pm Skywalker »
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1419 на: 01 Април 2018, 16:11:15 pm »
И треба да е. Одлична е.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1420 на: 04 Април 2018, 13:26:59 pm »
http://kapital.mk/rimats-so-fabrika-vo-kina-go-napaga-najgolemiot-pazar-na-svetot-za-e-vozila-2/

Дечково го живее сонот на секој млад претприемач.

Секоја чест.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1421 на: 25 Април 2018, 09:13:17 am »
Ауди повикува преку 1 000 000 (со букви еден милион) возила во сервис

https://www.wiwo.de/unternehmen/industrie/problem-mit-kuehlmittelpumpe-audi-ruft-weltweit-mehr-als-eine-million-pkw-zurueck/21210500.html
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1422 на: 25 Април 2018, 09:14:34 am »
Браво за нив и за организирање на ваков рикол.

There are no reports of injuries or accidents in connection with the recall.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1423 на: 25 Април 2018, 09:18:47 am »
Јап. Цирка 1/3 се у Америките, а широк дијапазон на возила се опфатени.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1424 на: 06 Јуни 2018, 21:44:16 pm »
И Fiat ја проретчува гамата
Punto се гаси, а Tipo повлекува од европскиот пазар
Објавено на 6 јуни 2018 година
Fiat-овата понуда во Европа ќе доживее големи промени - и онака скромната гама ќе биде редуцирана. Всушност ќе се сведе само на моделите од серијата 500 и на Panda. Производството на Punto прекинува, а потврдено е дека Tipo повеќе нема да се продава во Европа. Според зборовите на шефот на Fiat Chrysler Серџо Маркјоне, производството на Tipo со мотори кои би ги задоволиле строгите ЕУ стандарди за емисиите на штетни гасови е прескапо. За Punto не мораше ништо да каже - со два рестајлинга, моделот влече корени од 2005 година. Маркјоне сепак не испушти да ги пофали оние што остануваат - лани во Европа серијата 500 е продадена во 190.389 примероци, а Panda во 187.682. Очигледно, на Fiat тоа му е доволно.