Ај тоа од прва за машко е горе долу нормално, па нема да се фалиме!
Една случка од полагање градска, полагав со Југо 45, внатре 3/ца комисија, најлесниот едно 100 и 20-30 кила, седат накосо позади не ги собира со мевовите.
Возам по рутата што ми ја зададоа и после пола час отприлика си викам готово, знаев дека извозев без ниедна грешка.
Тогаш ми вика едниот од инструкторите, ајде горе Којник и да тргнеш под рачна. Мхххххххххх сега си викам го ебав ежот!
Тројцава имаат 400 кила без малку, и ја тогаш околу 80 кила, скоро пола тон за кутрото Југо и кога ќе го запнам на Угорница под рачна не сум сигурен дали воопшто ќе тргнам!
Застануваме на една нагорнина на Којник, тргам рачна а и со ножна кочам оти рачнава не ми е сигурна.
Полека давам на гаста а инструкториве веќе почнуваат да се подсмеваат внатре, одеднаш од друга страна право во нас иде ФАП натоварен со дрва и свири одозгора, изгледа немаше кочници или не можеше да закочи толку натоварен. Можам да избегам ама само лево и тоа ако тргнам под рачна нели, со стокава внатре.
Нагазуам машки, рика Југцево, пуштам рачната и за едно 10 метри бегам пред камионот кој веќе мафташе и свиреше!
Кога застанав на подолната уличка, малку пребледнатите иснтруктори, целите пресреќни што ги спасија дебелите газови, ме наградија со аплауз на затворена сцена, како што сељаците кои прв пат се возат во авион аплаудираат кога ќе слета пилотот.
Браво дечко, помина !
