revive на темава?

Еве да си ја раскажам мојава приказна..
чудно но положив. Градска од вторпат. Незнам дали комисијата ми се погоди или нешто друго беше. Овие стварно беа фер. Поминав со 50 негативни, пошто влегов во еднонасочна од десна страна,а требаше од лева. А другите 20 беа пишани ради реда. Ама овие стварно ме уморија. Цело време ме тераа по најпрометните и најкритичните точки ама не им успеа. Секое дејствие со возилото ти го следадт. Една мала почетника грешка и 3.000 денари по вода заминаа а башка што треба да се чека уште еден месец за наредно полагање.
Реално јас пред автошколава воопшто немав возено кола. Поточно имав со татко ми два пати ама тоа не беше ништо туку онака 200-300 метри околу мојата улица. Можеби ја погодив и автошколата и инструкторката. Возев Спарк. Пишав предходно тестови и полигон од прва, градска од втор пат. Да не ме сфатите погрешно прилично мислам дека е успех за чоек кој што немаше седнато во кола, и шо не знаеше ниту контакт како се дава. И не се оптеретувајте со тоа
АМА ЈАС НЕЗНАМ ДА ВОЗАМ, се се учи со време, кога можев јас за 20 дена да научам да возам аматерски зошто и вие не? Пошто гледам посебно машкиве од мојава генерација а и постарите мислат дека затоа што возеле повеќе години и имаат "искуство" ќе поминат. Ене другарче мое вози кола од 13-14 години, а тестови никако да положи.
Да на почетокот ми беше ужасно тешко, повеќето време возев со прва брзина затоа што колата со втора брзина ми беше многу брза. Но се се навикнува со тек на време. Првите неколку часа ми беа фокусирани на то. Тргни-застани, тргни-застани. После 10 ден сето беше супер. На угорнина комотно можам да тргнам само со кумплунг кочница, и сето тоа го научив од 20 дена возење со автошкола, ништо повеќе.
Е сега автошколата не те учи како да се справуваш на пат додека возиш, туку те спрема само за полагање. Другото останува на вас