Епа бидна,сега можам мирно да спијам додека не ми текне некоја друга глупост

Еве го Мегането пак на дино.

Еве го денешното мерење пред чипување

И еве го по интервенцијата на дечките од Автотек,конечно е добиен саканиот резултат 130кс 275нм.

Значи како што се гледа извлечени се уште 22кс и 40нм кои и те како осеќаат и бркаат работа повеќе од добро,количето е многу поживо и подобро повлекува.Имаше уште една поекстремна мапа која можеше да се внесе и ќе се добиеа уште некој 5кс плус ама советот од Автотек е дека нема потреба повеќе да го форсираме моторчето за некој 5кс кои можеби нема ни да се осеќаа.
Мислам дека е доста за 1.5 моторче,за повеќе здравје помоќен мотор.
Како и да е јас сум презадоволен и сум пријатно изненаден од услугата и професионалноста на Автотек.Само нека продолжат така и верувам дека ќе имаат и поголеми успеси од досегашните.