Најтрагично е тоа што скоро сите ''едуцирани'' мајки што ме прашале за вакцинирање уствари не ни знаат која вакцина е предмет на дискусија кај нас и во светот, знаат само дека секоја вакцина е лоша и најдобро е ниту една да не се прима. Па не ги вакцинираат децата ни против туберкулоза, тетанус, пертузис, дифтерија и други болести кои знаат кај нас повремено да се јавуваат. Ако сакаш да си контраш и да се придружиш на толпата која мисли дека е попаметна од постарите генерации кои ги измислиле вакцините барем информирај се прво.