Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1809618 пати)

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 831
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Ок момци ќе земам од овие работи што спомнавте и да не ми користат неможат да ми наштетат....Калциум имам таблети дома нив веќе почнав да ги земам па ќе видиме .......Еден комшија ми кажа кога скршил повеќе ребра пред 20тина години во тоа време докторите му препорачале освен одмор супи во поголеми количини да конзумира, дали ви има смисла ова?...... мене некако не ми лепе......   

Tatko mi na 70 godini skrsi rebro.Po nedela pazenje i miruvanje od rabota a ne lezenje vo krevet si prodolzi da funkcionra skoro normalno.Bolki sekako imase.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1903
  • Opel Astra 2.0 DI
Кај мене еве помина недела ама болките ми се зголемени ........

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Супа ама од коски. И те како помага. А 3 недели ќе си одмараш :)
Припазувај на максимално дозволена концентрација во крв на калциумот, да не ја претераш. Разбарај колку е граница на нет. И витамин Ц беше препорачлив, ама дали за коските, дали за имунитетот да го зајачаш(не знам од кои причини) али секако со него и не можеш да се предозираш а не е на одмет и здрав човек да го консумира од време на време. Инаку д3 може да има удел за коските, им се дава на дечиња до 1год како превентива од рахитис, а за омега 3 не знам.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5390
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Витамин Ц за се се препорачува, не е можна хипервитаминоза од Ц а е од голема корист. Тажно е што толку луѓе се дефицитарни со вит. Ц кога истиов е евтин и достапен во секоја аптека.


Инаку д3 може да има удел за коските, им се дава на дечиња до 1год како превентива од рахитис, а за омега 3 не знам.

Витамин Д и тоа како е потребен за здрави коски и посебно за зараснување на скршеници. Д ја регулира абсорпцијата на калциум (и друго), така да џабе е некој да се дави во чорба од коски или друга храна богата со калциум - ако абсорпцијата на калциумот е мала. Д3 (cholecalciferol) е формата што е најпогодна за луѓето. Инаку за правилна функција на Д3 организмот треба да има доволно магнезиум (нешто во што скоро сите се дефицитарни). Така да треба да се зема и магнезиум, но подобро не истовремено со Д3 (за подобра абсорпција). Д3 се зема со главниот оброк (требаат масти), а магенезиум пред спиење.

Магнезиумот по можност да е во chelate форма (комбиниран со аминокиселина) наместо магнезиум оксид кој го има во 90% од суплементите кои овде се продаваат. Оксидот многу слабо се абсорбира и дејстува како лаксатив. Солите на магнезиумот нешто подобро се абсорбираат од магнезиум оксидот, ама сеуште се далеку од chelate формата. Така да за суплемент најдобар избор за магнезиум е во chelate форма.


Витамин Д3 има во рибите, како скуша, сардина (кои се богати и со омега 3). Или како суплемент, евтин е и во доста случаи е потребен.
едит: Свежи сардини има во Веро, и евтини се. Баш се подсетив дека немам јадено од почетокот на постот. :)
« Последно менување: 20 Април 2017, 12:30:15 pm Van »

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5390
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
^^
Имам читано за тоа, и генерално се работи за погрешен cherry picking заклучок. Реалноста е дека витамин Ц не е чудотворен чек за СЕ, туку е многу потребно нешто во некои се повеќе дефицитарни а некои други помалку (тие кои го внесуваат доволно со редовната исхрана). Така да нормално е дека кај разни луѓе различна ќе биде делотворноста на земање на вит. Ц како суплемент. 

Постојат научни студии, на пример такви со тешки случаи на MRSA или состојби со сепси и гангрени, каде големи количини на интравенозен витамин Ц правеле големо подобрување таму каде и најсилните антибиотици не ја подобрувале состојбата.
Само во жолта штампа нема да прочиташ за научни студии. :)


Тоа што е важно е дека витамин Ц е евтин, може да направи многу бенефит кај многумина, а вишокот се исфрла без проблеми.
Дека секако секој треба да јаде што повеќе овојше и зеленчук (и скромни количини соодветно подготвено месо) - тоа се подразбира и без да се каже. Витамин Ц како суплемент никако не е замена за здрава исхрана, но затоа е безбедно и евтино надополнување - нели и зборот суплемент значи „надополна“.  ;)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Точно ван, мислам во супата ги имаш сите тие потребни работи за да се врзе калциумот, секако нели нема да ја правиш само со коски, ќе ставиш зеленчук, компирче пиперка(која има НЕзанемарлива количина на Ц)  итн... Инаку магнезиумот е многу битен бидејќи се "троши" скоро во сите процеси, не само во заздравување. Во природна форма го има во оревите во солидни количини, баш на жената ми и препорача докторот по една рака ореви дневно. Е сега не знам точно зошто но и сонцето има доста влијание на коските, некои витамини се претвараа во други и тн..
Магнезиумот никако не смее да се претера, па секој што сака да надокнади депозитот на магнезиум неопходно е консултацина со соодветно стручно лице т.е. доктор.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5390
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Дап, ама зеленчукот треба да се јаде свеж пошто витамините не баш стабилни на високи температури (варење чорба). А во врска со магнезиумот секако треба да се внимава на количините ама симптомите од вишок магнезиум се лесно приметливи (вртоглавици, слабост, низок крвен притисок) а за тешки последици треба баш многу да се претера. Генерално правило е земање на некои ~50% од препорачаните дози, одвреме навреме не е лоша работа ни за здрави луѓе.
Еве ги препорачаните дози на магнезиум:
http://www.webmd.com/diet/supplement-guide-magnesium#1


Преку исхрана магнезиумот го има повеќе во одредени храни, како што кажа ореви, плус во грав, листест зеленчук како спанаќ (свеж во салата), итн. Проблем е модерното индустриско производство на храна, и децениска употреба на вештачки ѓубрива во кои има само некои од потребните минерали. Употреба на природни ѓубрива станува се поретка. Така денес во зеленчукот и храната воопшто, има се помалку од минералите како тие на магнезиумот, цинкот, итн...
Како резултат на тоа кај мнозинството луѓе денес има помалку или повеќе нагласена дефициенција од магнезиум, цинк, итн. Додатен проблем е што таквите недостатоци не се мерат лесно, не преку крвна слика. Многумина имаат недостатотк, а за симптомите мислат дека се заради други причини. Затоа покрај здрава исхрана претпочитам и додатно земање на суплементи, се разбира со внимавање на дозите и пазење на евентуалните симптоми.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
На крај ќе го ставип зеленчукот, секако нема да го вариш 30 минс. со коските, 3-5минс се доволни башка и ништо нема да му биде, ќе останат добар дел од витамините. Магнезиум може да се процери прњку крвна слика како и фосфор. Ни ја зезнаа храната, па сега ни продаваат витамини башка. Инаку брат ми скрши коска на ногата, под колено и дур не ја пропи чорбата не сакаше и не сакаше да заздрави. Од како се распи чорба за месец дена почна да гази (нормално пажливо, сеуште го носеше гипсот, а мускулите му веа атрофирани). Се ми се чини да не беше чорбата ќе го носеше гипсот 2 години ... Секако не му беше само тоа јадење. Инаки омега-3, барем по рекламине, се соединува со лдл холестеролот и се исфрлаат. Иако на лекар ќе ви речат дека се создава холестерол од жолчки, зејтин и сл сепак и тоа каков удел има стесот, па удрете на релакс малце.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5390
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Забораваш дека пред чорбата треба и чашка-две ракија да се испие, а таа оди со салата од свеж зеленчук. Зеленчукот од чорбата е фазла. :)
Работиве за кои зборуваме не се меѓусебно исклучувачки, зеленчук е пожелно да се јаде свеж но тоа е настрана од зеленчукот од чорбата, или зеленчукот кој оди како гарнир со некое убаво парче месо. А сето тоа е добро може да биде само уште подобро ако е збогатено одвреме навреме со некој суплемент во облик на магнезиум, цинк, витамин Ц, Д3, Е...

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Е да во право си хехе.
Шала на страна, салатата доста го олеснува варењето на храната.
Пред некој ден имав забоболка и нели не би била вистинска забоболка ако не се појави во 3 навечер. И во зортот мавнав 1 чашка ракија внатрешно и една ја чував во усната шуплина- го пијанев нервот од забот :) За да биде уште по не вереојатно, пред само 4-5 дена бев на рутинска контрола на забар, и ич ништо не виде. Додуша и после болката не виде ништо па мораше на рентген каде што се лоцира проблемот. Е сега поентата ми беше, и кажувам на забаркава дека сум го пијанел забот, и ми вели ок помага, али следен пат користи прополос и не знам ти што демек ракијата ги слабеела коските така директно ако се чувала на заби.
Точно дека витамините и минералите треба да ни се во баланс, односно во одредени граници, али ретко кој обрнува внимание.
Секако тоа си повлеквит балансирана исхрана, соодветни суплементи, редовна контрола на здравјето.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5390
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Не вотка ракија - киселина па да ги „слабее коските“, којзнае што сакала да каже забарката (или којзнае ти кај си ја гледал, па не си разбрал што зборела). Ракијата помага пошто ги тепа (краткотрајно) бактериите кој го прават кариесот, и ги отапува чуствата на самото место.
Да си имал есенцијално масло од карамфил, многу поефикасно би било за истата намена - многу корисно масло за секакви дезинфекции (и многу други намени).


П.С. Ракијата е поефикасна ако (потоа) се голта. ;)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6292
Немора ни масло, доста ефикасно е само каранфилче да притиснеш на забот, милион пати сум се извлекол така да дотрпам досабајле за на забар.
Едит: ова со маслото и било шо важи ако е отворен забот, ако е затворен дебел стап се јади.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Мене ми беше затворен, али power of rakija  ме спаси и тоа 3 дена, петок ме фркна.
Малце е смешно видеото, малце не пријатно за гадливите....
Еве најверојатно за здрави заби што треба :
http://www.motika.com.mk/bushman-im-pokazhuva-na-holangankite-dve-finti-za-prezhivuvanje-vo-divina/#
 :)))

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44958
  • Il Moderatore
Вентор златен измислиле фармацеути..
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.