Не е толку едноставно. На пример олд скул зелка, одгледувана на индустриска скала (многу такви зелки, и со модерна механизација) - никако не е исто со ГМО зелка одгледувана од истата таа индустрија.
Јас не ја правам индустријата баук по дифолт, но истакнувам дека во случајот со храната од ГМО немаме соодветни докази за безбедонста. Ова сега е експеримент во живо, директно на луѓето наместо во контролирани лабораториски услови (и на животни). Со сегашно заташкување и замолчување на критичарите на ГМО, тек после неколку децении ќе знаеме извесно какви последици ќе има.
А тоа дека ако живееме сите по 80-90 години „планетава нема да не издржи“... Не знам од каде да почнам. Ако има смисла во тоа што си го напишал, тогаш нека го забранат здравството, сите болници и доктори, и нека воведат задолжително стрелање на ХХ години. Погледај го
филмчево, баш со таа тема се бави. Ако ја прашаш индустријата, најдобро да ги стрелаат сите на ~45 до 50 години (тогаш почнува значително да опаѓа продуктивнста и здравјето на просечно човечко битие).