Вакциниран е ПОБЕЗБЕДЕН од невакциниран, секогаш и секаде.
Побезбеден да, ама побезбеден за тие со тешки болести и со слаб имун систем. За здравата индивидуа е дискутабилен бенефитот од вакцинацијата од ваквите за мене споредни вакцини.
Повеќе пати сум го кажал мојот став, вакцинацијата е потребна но потребна е само за најтешките вируси. Сега работата е донесена до перверзија од вакцирање за се и сешто, разни стомачни вируси кои предизвикуваат дијареа, вируси кои предизвикуваат настинки, па дури и сипаниците. Сето тоа се болести кои здрава индивидуа ќе ги прележи без поголеми проблеми а имуниот систем ќе добие добра вежба. Пошто на имуниот систем му треба вежба, и најздраво дете кое се чува како во стаклено звоно - тешко се разболува првиот пат кога ќе излезе надвор.
Туку не те цитирам за да дискутирам про и контра вакцини.
Сакам да посочам еден аспект на сето ова за кој малку се размислува:
еволуцијата.
Порано тие со слаб имун систем и склони кон тешки болести - умирале и не ги пренесувале понатаму своите гени. Следните генерации имале повеќе шанси да бидат поздрави и поотпорни претставници на својот вид.
Денес не е така, прекинат е природниот процес на еволуцијата па слабите и неотпорни индивидуи непречено оставаат потомци со истите проблеми. Не само тоа туку се оди уште понатаму и за да се заштитат таквите, се изложуваат на ризик здравите индивидуи. Вакциницијата носи ризици, и секоја година здрави луѓе умираат од компликации.
Значи природниот тек на еволуцијата е прекинат за да се пренасочи од пропагирање на најподобните, кон заштита на најнеподобните. Како вид, ова ќе не чини - па макар и тоа „плаќање“ било на долги патеки.
Знам дека ова е многу непопуларен аспект на целата работа, и знам дека многумина овде ќе ме судат и лепат разни етикети. Неетички е тоа што го зборувам, според денешните „норми“ за морал и етика.
Но размислете малку повеќе. Преживувањето на видот не се базира на квалитети како етика, туку се базира врз квалитети како добро здравје, отпорност на болести, и прилагодливост кон средината. А токму средината е таа која најдрастично ќе биде променета кога некогаш во иднина ќе треба да се проширува хабитатот на човештвото.
Видовите кои нема да се прошират надвор од матичната планета, ги чекаaт неминовните
mass extinction event-и кои редовно се случуваат на одредени временски периоди. Како на пример големиот метеор чиј пад го предизвикал
изумирањето на диносаурите но и на ~75% од СИТЕ ДРУГИ ВИДОВИ на планетава.
Еве графикон каде визуелно се гледаат периодите на масовно изумирање на видовите (животински и растителни):

Бројките изразуваат милиони години. Како што гледате, на секои 50-60 милиони години има голем mass extinction event предизвикан од разни причини.
Тука сме некаде, зрели за следниот таков настан.