И да е алергија и да се сипаници (китки народски кажано), терапијата е иста, ќе пиеш еднаш дневно антихистаминик loratidine, desloratidine или cetirizine и ќе се мачкаш со течна пудра. Ако нема ефект треба да примиш и инекција synopen во комбинација со urbasone. За сипаници треба прво по лицетоа да ти се јави осип, па потоа по телото надолу се до петите и второ најбитно е да немаш до сега прележано сипаници и трето исто битно е во голем број на случаи одат првин со температура. Ако е алергија, може да биде од исхрана (кикирики, лешник, паштети, виршли, мајонез, јајца, кечап, овошни јогурти од праска, јагода...) или ако имаш скоро сменето детергент или омекнувач.