Ја ко што разбрав твојата дневница овде е доволна за еден хамбургер и евентално едно пиво таму...
И ја би бил фрустриран доколку работам за сендвич и пиво..
Да добро си ме разбрал...Дневницата од МКД ми е доволна за сендвич и пиво..Тоа не е тајна, може било кој да го види, и не е само случај за мене, туку важи за сите граѓани на Р.Македонија. Законот и дневниците за сите нас се исти...Фрустриран или не, тоа е реалност...Ако сакаш прифати, а ако не слободно можеш да работиш некаде на друго место...
Sale, твојата разочараност потекнува од фактот што си таму само на обука и споредуваш нивни цени со наши плати. нека ти опали некој 2000 евра ќе видиш како ќе смениш мислење, или подигаш кредит со 3% камата.
Од кај знаеш дека мојата МКД плата не е европска?

Ако ги прочиташ моите претходни постови за платите и квалитетот на живеење ке видиш што сум напишал...
+ го имам напишано и тоа за кредитие...А пошто морам да излегувам, неможам да ти пишам сега каква е математиката и 2000 евра да ти опашаат... 
На крај ке ти останат онолку колку што ке ти останат и кај нас..

Да си сам, моооожда ке ушпараш, но со жена, деца, јок брате...

Молим те немој вакви глупости да тресеш. Молим те. Деца читаат, ќе си речат вистина е.
Навредливо е да не сметаш за толку глупи.
Извини Дени, јас заборавив дека ти си светски прошетан дечко, дека имаш увид во нечиј џеб...
Но доколку имаш можност да поразговараш со нормален свет, нормален народ, мислам дека ке излезеш од таа ограниченост која те има окупирано, која ти го има стегнато мозокот во пранги како на поголем број луѓе кој живеат во илузија и кој мислат дека во ЕВРОПА луѓето си го дрват, се журкаат од сабајле до вечер, си го прчат, пари им стигаат секој месец по 2~3000 и дека штедат два месеца и купуваат Мечка СЛК...
Разбуди се од зимскиот сон, уште не е зима...
И престанете да ги гледате луѓето кои работат и живеат на запад, престанете да се споредувате...Бидејќи свеста кај нас и кај нив не е на иста фреквенција...Огромна разлика има..Затоа што они знаат за компромис, знаат за договор, знаат да најдат заеднички јазик...Тоа кај нас го немало...Ние сме примитивен народ и таков ке останеме...Колку и да се трудиме...
И доста ги споредувате работите во материјални нешта...Да, имаат коли, да имаат куќи...Имаме и ние...Ни ние за разлика од нив никогаш не сме задоволни...Ние секогаш се ни е малку...
Да не зборувам за оние кои ке земат плата од 2000 евра, и за летниот период доаѓаат кај нас со кола од 20к евра и глумат манги зошто за месец дена во скопје или било каде во мкд ке потрошат 2000 евра...Да, затоа што таму се само едни обични граѓани, и тоа од втор ред, затоа што не се домашни, затоа што со тие пари ке поминат како и секој месец во годината, а во мкд ке набијат комплекси на еден куп народ кој нема капацитет да размислува нормално, и кој мисли дека на запад евра паѓаат од небо...И дека баш нас не чекаат со широко отворени врати за да дојдеме и да работиме...
Со последново објаснување, мојата прикаска завршува...
http://vest.mk/default.asp?ItemID=E38A9CB6A83A1343A99599635ACA524D
Има неколку дела,односно од почеток па до сега...
Многу ОТ..Да се навратиме на темата,некни ова го постирав ама немаше никаков коментар,а и додуша нема многу шо да се кажи.
Текстот е многу тогателен...Стварно нема што да се коментира...
Сурова и болна вистина...