Медицинскиот отпад се става во посебно обелжени канти за таа намена, кои потоа го собира служба за медицински отпад од Дрисла...Е сега колку се фрла по пропис медицинскиот отпад, тоа треба да се контролира и да се провери, ние и не сме баш компетентни да даваме коментари за тоа...
Еве некоја слика како изгледа нашата клиника, односно што треба да се прикаже на телевизија, а не две, три простории кои се реновирани за сликање со министерот и премиерот:


Без разлика, и да не е медицински отпад во контејнерите, би требало барем во округот на клиниката да не се дозволи роварење по контејнери. Лично го видов фраерот како извлече голема црна кеса со ѓубре, го истресе ѓубрето надвор (околу контејнерот) и после во таа кеса собираше пластични шишиња.
Toa се беси директно, нема што да се забранува роварење.
Вие викате дека во тие контејнери нема никакви остатоци од медицински отпад? Јас мислам дека грешите.
Зошто би имало? Дали би сакал да подобјасниш?
Прво апсолутно се слагам со Зеро дека во кругот на клиниката треба да биде строго забрането тарашкање по ѓубрето, уствари НЕ СМЕЕЕ да има ѓубре кое ке се гледа...Со тоа нема да има ни кој да тарашка по него...
Дени, немој да ги осудуваш луѓето затоа што немаат што да јадат и мораат да преживеат некако...За тоа е крива државата, односно оние кои ја управуваат...Прво не ги обезбедиле сите места кои се ризични и опасни за околината...Не се средени милион прашања, а па најмалку тие...
А има и еден друг момент, кој не е спомнат...По ѓубрето освен ѓупците, тарашкаат и животни...Прво штакорите, глувците, со кои не можат да се справат во 21-ви век, а потоа се мачките и кучињата скитници...Извор на заразни болести колку ти душа сака...
Кесите со крв, крвави отпадоци и слично многу често мачките ги развлекувааат по кругот на клиниката...Штета што немам слики, а можеби и имам, ама ме мрзи да барам...Небитно...
Поголем преносител на зараза од тие животни нема...