Колоректален канцер е најбрзо растечка болест во светот моментално. До пред некоја година, прагот за препорака на колоноскопија беше од 50 години натаму, сега од 40 е веќе препорачливо. Ако се работи за генетски наследен или предиспозиции за истиот, препорачливо е и уште од 18 години да се вршат превентивни прегледи.
Симптоми нема некои специфични по кои одма би можел да разграничиш. Најчести се променета боја на измет, силни бодежи во стомак, и слабокрвност.
Кај мене лично беше слабокрвноста, и ништо друго. Во моментот кога ми го открија, веќе беше стар 3-4 години, ама среќа бил споро-растечки, па стигнал само до 2А стадиум.
Во случаи како моите, ендоскопски прегледи се препорачува еднаш годишно во првите 3 години, а потоа - поретко.
Чувајте се другари. Да ме прашаше некој пред година и пол, ќе му се смеев. Сега, препорака до сите, само редовни контроли. Тоа му е мајката.