Во однос на вишокот кила, јас за рок од две години ослабев 38кг, имав пишано во една друга тема на форумов во однос на ова. Без нутриционист. Крвна слика испитував на секои 3 месеци, цело време беше супер, еднаш дури хемоглобинот ми беше 171.2 над референтната вредност, ама конзумирав секој ден риба обавезно, било која. Се спуштив од 92 до 54кг, знам дека е чудно и безвезе и нее за верување, сите шо ме немаа видено подолго време мислеја од нешто сум болен хаха, ама ете кога ќе тргниш и сакаш уште уште само да постигниш некоја цел и баш е и зезнато, најниско БМИ, мислам нее зезнато али бев ептен skinny, коските ми се познаваа и ребрата и на гради и на грб за разлика од претходно кај шо ми висеше салото и ми сметаше . Увидов дека 65кг мие најидеална килажа, и според БМИ таа мие средната килажа а најмногу дозволена до 75кг. Сега кога веќе ослабев и истопено цело сало, со 60кг пред 2 месеци почнав теретана да одам, и почнав со bulk, 6 дена в теретана по 2 саати и калориски суфицит од храна, али не се и сешто како пред две години. Само масти и протеини, јаглехидрати исклучени на макс, од јгх само ориз и пченка, а од брзи шеќери ништо друго, овошје да али во ограничени количини.
Како ослабев?
Само со калориски дефицит и автофагија. Прво внесував по 1200-300 калории, после по 1400-1500, али секош бев заокружено на -500 калории, броев калории, ако рефер. вредност е 2000, јас внесував 1500 заокружено, добро еве некош 1600-1700 зависи. Без теретана, без трчање, само обични вежби дома итоа малце, jumping cardio, plank, склекови, стомачни, грбни и чучлеви по 50 3 серии денеска се влупно. И секако автофагијата, јадев еднаш денот, точно во 12 на пладне или пак приближно тоа време, тогаш ги внесував сите калории, и нареден оброк следниот ден во 12 на пладне..Од исхрана се што е висококалорично исклучив, прво леб, и сега не јадам ми се одмили, кога ќе се навикниш после лесно е, сее до навиката и мозокот како ќе се контролираш. После тестенини и бели пецива, пици, шпагети, буреци, зелници итн. аут. За благото се знае исто аут, еве две години немам каснато благо, ни чоколадо, ни сок, и не ми бара душава, ниту ме стрви и цела маса да има пред мене или пак од другово. И тоа е тоа. Се што е висококалорично аут, исфрлив.
За се треба трпение, не може да се ослабе за 10дена, 20дена на еднаш, како што викаат со разни методи. Не, сувишно е тоа. Како што тие вишок килограми дошле од подол временски период, зошто не дошле на еднаш, така за да си заминат исто треба време. А за тоа треба трпение, мотивација и дисциплина. Ако немате дисциплина, ќе немате и мотивација. Сега сум 65кг, и планирам до 72-75кг да одам ради тоа што и тренирам сега, ми требаат кила, ја чувствувам таа потреба ради интезитетот со тежини кој го правам, напорот и исцрпеноста. А да не тренирав, сигурно ќе се задржев на оваа килажа. Кога бев со 92кг, се чувствував уморно, заморно, депремирано, мачно, 5метра да поодев побрзо, се задишував, препотував, качување по скали исто. Со прениска килажа, ова го немав, али бев за нигде, не личев на себеси, и затоа златна средина е најдобра. Сега и со 10.000 чекори во денот, пошто и пешачам доста за разлика од пред 2 години каде не бев физички активен ич, немам никаков проблем од погоренаведеното, лесно чувство, без задишувања итн. А кога се гледаш дека растиш во мускулна маса и дека се булкаш како маса ради тренинг, сето тоа чувство на депремираност и лоши мисли, се губат. После тренинг или пешачење, покрај физичкото здравје што го подобруваш, го подобруваш и психичкото, сонот се подобрува, хормонот за среќа итн.
Затоа, исхраната, физичката активност и сонот од 8 часа, се трите најклучни работи за постигнување резултат а и секако подобрување на здравјето.