Слабо читаш а се праиш фраер. Неубаво од твоја страна. Повели.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Кога презентираш нешто, докажувањето прво паѓа на тебе (ок на Дени, ама он е missing in action).
Ок, и што гледаш ти на графиков?
Еве што гледам јас, прво фактите.
Б: mRNA повисок број на антитела во титер
Ц: mRNA титер, поголемиот дел од вакцинираните испитаниците се тестирани 15 до 50 дена по вакцината
Д: прележаните од ковид19 имаат понизок број на антитела во титер, ама мерени се од 100+ до нецели 300 денови после заразување
Б: тоа што mRNA има повисок број на антитела во титер е затоа што заболените од ковид-19 развиваат онолку антитела колку што треба за да се победи вирусот, не повеќе... во овој случај помалку антитела пост ковид не значи ништо посебно лошо за прележаните - затоа што развиле имунитет и ако дојдат пак во контакт со вирусот, едноставно ќе се произведат уште антитела... од друга страна вакцинираните немаат имунитет и мораат постојано да се бустаат со нови вакцини за да одржат висок титер на антитела (и заштита)
Јас прво презентирав дека ти баш и не обраќаш внимание на текстовите, туку само пљампаш колку да дискредитираш. Тоа беше основата на мојата презентација. Односно, ти презентирав дека има временски период и покрај тоа што ти тврдеше дека нема.
Ако се држиме до фактите, 15 до 50 ден по ВТОРА доза, односно околу 100-тина дена по првично вакацинирање (односно прво запознавање со вирусната мрна, што може да се третира исто како „време на инфекција“ кај прележаните).
Сепак, според оваа студија „паѓа во вода“ теоријата дека „најбољи е природно стекнат имунитет“. Претходно постирав статистика, каде реинфекциите со ковид се драстично поголеми кај прележни - невакцинирани, отколку кај вакцинирани. Затоа и постои препорака дека и покрај прележувањето (и стекнувањето на толку фамозниот природен имунитет), пожелно е да се вакцинираат.
Б: Поврзаноста на број на антитела и имунолошкиот риспонс не е баш ко што го велиш. Или со твои зборови: Да не биде само рекла-казала, дај рецензиран труд каде што вели дека не е поврзана количината на антитела со имунолошкиот риспонс.
Еве ти натпис од весник, малце да ти објасни како иде тоа со антителата:
https://www.medpagetoday.com/special-reports/exclusives/95156Ете ви го Ноле антиваксерот, (пардон, борец за право на избор). Два пати прележуе ковид, некако слабо му кикнал имуниот систем после првото прележуење. Чисто онака низ муабет да се спомне...