По правило крвна слика се прави на 10 дена за да има видлива споредба и насока на каде се движи.
Д димери не се как секој проблем, вирусот удира таму каде некој е послаб. Кај некој на тромбоцити, кај некој на гастро, грло, температура итн.
Јас би советувал (не сум стручно лице, по совет од нив) да крвна слика се направи 3 ден по појава на симптоми (ако не се страшни) и 10 дена потоа. Ако е сериозно, по консултација со лекар.
Сериозно е ако имате темп повеќе од 3 дена, проблеми со столица, замор при најобично станување итн.
Клише е знам ама спремајте се за најлошо, надевајте се за најдобро.