Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1980068 пати)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5484
  • Пиши лаже
Повели линк: https://zk.mk/tong-da-tang

Работат акупунктура, да. Многу задоволен од човекот, сега планирам пак да отидам. После 2 третмани јас бев друг човек.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2907
А да одите на доктор сте размислиле?


Sent from my iPhone using Tapatalk
Татко ми го водев во 8 септември, имаше проблем со коленото (болки, ќе му се закочи па мораше со некои истегања да го врати во нормала), порано полесно се справуваше ама со годините стануваше потешко.
Прво проблем е термин, не функционира „мој термин“, и тешко е да е да дојдеш до асален хирург. Месец дена траеше акцијата да се дојде до хирург и пак на крај „повикај пријател“ за да обезбеди термин. Сепак татко ми живее во Куманово и не сакав да се малтретира и да чека на незакажано.
Нормално, ортопедот - хирург, побара да направиме магнетна. Во цела Македонија (на државно) немаше слободен термин порано од 6 месеци (уствари воопшто не функционира тоа со термин, туку да се обидеме за 5-6 месеци). Хирургот ни препорача приватно да платиме магнетна, но сепак успеавме да обезбедиме термин во Чаир. На договорениот термин татко ми беше вратен со образложение дека апаратот се раасипал и дека ќе му се јават кога ќе го направат. Среќа тоа беше следната недела.
Со резултати кај ортопедот, дијагноза менискус, препорачува операција. Ако сака татко ми за 5 дена да биде опериран треба да се уплатат 550 евра на сметка на болницата (дополнителна дејност), во спротивно не може да гарантира термин, односно можно е да се чека и неколку месеци.
Татко ми има 42 години стаж во фабрика, машинобравар, цел работен век стоеше на дребонг, затоа и со коленото има проблем. Во тие 42 години стаж нема користено боледување. Дојде време да искористи здравствена услуга и го тераат да плати. Го фати инат и не сакаше да плати.
Му објаснувам на докторот, он ми вика, абе не е скапо 550 евра и ми кажа да му пишам на вибер за едно 10-15 дена. Му пратив порака на вибер, во која му пишав дека татко ми сака да почека редовен термин (кога и да се ослободи) и од тогаш не ми одговори (ни со да, ни со не, никаков одговор).
Своерачен потпис ;)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7404
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
550e за здравје се ништо, за двомасен ќе ги дадете и око нема да ви трепни.

Не ве критикувам, како сакате правете, само малку грешно на некои работи се гледа.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Било која сума дадена за здравје е ништо. Ама ј*бе моментот што, цели 42 години плаќаш на државата, за после да ти кажат иди на приватно.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4414
550e за здравје се ништо, за двомасен ќе ги дадете и око нема да ви трепни.

Не ве критикувам, како сакате правете, само малку грешно на некои работи се гледа.

Чоекот веројатно има уплатено 3-40000 илјади евра во здравстениот фонд и сеа пак да плаќа. Нека го приватизираат целосно здрвството или нека го укинаат приватното здравство. Ваков систем со државно и приватно нема шанси некогаш да профункционира.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15255
  • Пудингот на шоферството
Финтата е ако платиш 550€ има термин,а ако не платиш нема.За истото здравство се работи,а не за различно.
Значи за во државно.
Да беше за во друга болница која е приватна ок.
Мме...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2907
550e за здравје се ништо, за двомасен ќе ги дадете и око нема да ви трепни.

Не ве критикувам, како сакате правете, само малку грешно на некои работи се гледа.
Така и му сугерирав на татко ми, да се помири со тоа и да плати, барем да заврши работа, ама нема шанси да го убедам, го разбирам, ама тоа е
Своерачен потпис ;)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7404
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
550e за здравје се ништо, за двомасен ќе ги дадете и око нема да ви трепни.

Не ве критикувам, како сакате правете, само малку грешно на некои работи се гледа.

Чоекот веројатно има уплатено 3-40000 илјади евра во здравстениот фонд и сеа пак да плаќа. Нека го приватизираат целосно здрвството или нека го укинаат приватното здравство. Ваков систем со државно и приватно нема шанси некогаш да профункционира.

Добро, малку претерана ти е сумата, инаку чоекот ќе имаше пари за приватно ако имаше толку оставено, ама дека има дадено има...
Ама ако го приватизираат здравството е дури тогаш ќе умреме.

На приватно во државна болница знаете колку е магнетна? Заборавив, ама поскапо од компјутерска томографија е, за која платив партиципација 400ден, а приватно да не беше 4000ден мислам.
3 пати се снимив сега пред 2 месеци. Другите работи да не ги бројам...

Ако некој мисли дека со плаќање приватно здравствено осигурување ќе биди подобро, јас мислам се лажи... плус уште едно правно лице влегува во игра шо треба да лапа пари, како можи така подобро да биди?

Дека не е сјајно на државно не е, премногу луѓе, премалку апарати, уште помалку доктори. Што да прават, арно и тие што се, каде ќе одиш на друго место инаку. И нив не му е лесно, со луѓе е најтешко да работиш, секакви ретарди има.
А и малку и менталитетот ни е заебан, оставаш бакшиш на келнер дека ти донесе јадење, а на болничар не му оставаш ништо, а тој лопатата ти ја празни. И келнерот поплатен, а функција битна -0.

Таков е животот заебан, дека ќе цутат некогаш кокичиња во здравството тоа тешко.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Можи да биди подобро затоа што барем ќе знаеме на што сме.
Да не чекаме децении стаж за нож во грб на крајот.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Нели појаките фирми почнаа да се фалат дека им плаќаат на вработените некаков пакет дополнително здравствено осигурување преку некои осигурителни компании за во приватните болници?

Фактички фирмите имаат дупли трошок за здравствено осигурување за кој своеволно се согласиле.
А вработените уште и презадоволни што ќе се лечат во приватна болница, не разбирајки дека фактички тоа се нивни заработени доходи кои некој одлучил да се слеат на друго место освен во нивни џеб.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Најубаво сам да си штедиш за да имаш кога ќе ти затреба.
Ти се мочам и здравствено и пензиско...
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
Нели појаките фирми почнаа да се фалат дека им плаќаат на вработените некаков пакет дополнително здравствено осигурување преку некои осигурителни компании за во приватните болници?

Фактички фирмите имаат дупли трошок за здравствено осигурување за кој своеволно се согласиле.
А вработените уште и презадоволни што ќе се лечат во приватна болница, не разбирајки дека фактички тоа се нивни заработени доходи кои некој одлучил да се слеат на друго место освен во нивни џеб.

Нема врска, како и да нема да ти ги дадат тие пари како вработен.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7404
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Можи да биди подобро затоа што барем ќе знаеме на што сме.
Да не чекаме децении стаж за нож во грб на крајот.

Toa на крајот како ќе ти се погоди.

А подобро да биди можи само со повеќе болници, клиники, ординации и слично, да се растерети каде што има гужва.

Еве на физикална одам уште некој ден, и во терминот како не читаат така влегуваме за терапија.
Доаѓа една стара, нова во 10.30ч терминот, и таа рандом влегува, пошто последна ја читаат и треба да чека за на апарат неверојатни 10минути.  ???
Па отпрвин ме стануваше мене за да не оди 1метро потаму на другото столче, и цело време гледа да се намести пред некој за на апарат.
Арно сме 5-10 души и ете ја трпам а и вработените.

Ама ваквите лешпери те нервираат, еден да се погоди каде 10 души чекаат за истото и ете ти нервози. Како можи со ваквите да биди подобро, НЕМОЖИ!

Се е културно, организирано, се тера некој ред, доаѓа само едно копито, и одма неред!

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Нели појаките фирми почнаа да се фалат дека им плаќаат на вработените некаков пакет дополнително здравствено осигурување преку некои осигурителни компании за во приватните болници?

Фактички фирмите имаат дупли трошок за здравствено осигурување за кој своеволно се согласиле.
А вработените уште и презадоволни што ќе се лечат во приватна болница, не разбирајки дека фактички тоа се нивни заработени доходи кои некој одлучил да се слеат на друго место освен во нивни џеб.

Нема врска, како и да нема да ти ги дадат тие пари како вработен.
Како тоа нема врска, од каде се парите, да не ги печати директорот?

По твојата логика можат да почнат и вреќи брашно да делат покрај платата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Нели појаките фирми почнаа да се фалат дека им плаќаат на вработените некаков пакет дополнително здравствено осигурување преку некои осигурителни компании за во приватните болници?

Фактички фирмите имаат дупли трошок за здравствено осигурување за кој своеволно се согласиле.
А вработените уште и презадоволни што ќе се лечат во приватна болница, не разбирајки дека фактички тоа се нивни заработени доходи кои некој одлучил да се слеат на друго место освен во нивни џеб.
Па незнам дали се некако ослободени тие пари. Можеби се на некој начин, па можеби фирмата наместо (тресам) данок од 3800 денари да плати, плаќа приватно здравствено. Нешто во тој стил. Сметковоџи ваљда знаат. Дека на пример животно осигурување до 80000 (мислам) годишно е ослободено од данок, и пензиско така нешто беше. Тоа се многу големи бенефити и за фирмата и за вработениот, ама ретко кој практикува. Вака нешто: https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/insurance/voluntary-pension-fund/legal-entity/tax-free/