Деновиве се изнагледав видеа со крцкање и пукање коски т.е. киропрактика.
Дали некој има одено на вакво нешто, кој се може да оди на киропрактика, колку третмани се потребни за цело тело итн.
Јас очигледно имам проблеми со спиењето, лошо спијам, станувам сабајле со болки во вратот, грбот и половината, најверојатно и душекот на кој спијам не ми одговара. Последниве години и не сум активен толку физички (прекинав со фудбал, слабо пешачење, ниту вежби сум правел).
Гледајќи се на огледало мислам дека имам и деформитет на градниот кош, едната страна е повисока од другата (ова може од средношколски денови и носење ранец на една страна?).
Имам еден местач од Трнодол, вика дека може да ми го искрцка цело тело.
Што мислите, предлагате?
После рилекс масажа на одмор, масерката ми вика дечко ти не си за рилекс, не се зафркавај целиот си се здрвил.
Па деновиве барав кој, како, што и денес тркнав до кај Давор масажа.
Граден кош не е под васервага

има некое искривување на грбот/рбетот. Стапала не се во иста линија.
Ми удри една масажа, ме испокрцка целиот, вакууми на грб, ама ќе мора да се иде уште неколку пати.
Освен што се ме боли од стискање, една работа што најмногу ја осетив е крвоток во глава, а отидов со главоболка, која ја снема после масажата. Обично често ме фаќа и лекот е само во Кафетин.
Понеделник најверојатно повторно ќе одам, да видиме што како. Сум немал искуство со масери/ки, така да незнам што прави и дали прави како треба, ама ми рече дека после неколку третмани ќе ми било подобро.