Играта.. by Ефтов:
Пред два дена во интервју на една национална телевизија, премиерот Заев рече дека само десет отсто од активните случаи, кои во тој момент во Македонија изнесуваат 7.700 лица, биле потполно вакцинирани. Односно десет отсто од 7.700 се 770 лица кои се заразени, а кои биле потполно вакцинирани.
Но ниту премиерот, ниту минисетрот за здравство не ја кажуваат бројката на тие што прележале, а се сега повторно заразени или реинфицирани. И тука е проблемот.
Според официјалните податоци кои за порталот Во Центар ги добивме од Министерството за здравство, во периодот од 1 јули до 18 август во Македонија се заразени само 63 лица кои веќе го имаат порано прележано вирусот. Или бројот на реинфицирани во периодот од 1 јули до 18 август, според Институтот за јавно здравје, со кои располага Министерството за здравство е 63 лица.
Што е повеќе: 770 лица кои се целосно вакцинирани и се сепак заразени или 63 лица кои прележале и се поворно заразени? Притоа, овие што се вакцинирани се бројки за многу помал временски период, а овие што се реинфицирани се бројки за барем два или три пати подолга временска отсечка.
И тука е проблемот во математиките на Филипче. Тие што прележале имаат многу поголем и потраен имунитет од сите студии на кои тие се повикуваат. За да му успее имунизацијата на министерот ќе треба да седне и прележаните да не ги третира како антиваксери туку како луѓе кои многу повеќе веруваат на својот имунуитет и на својот здрав разум од сите студии на кои се повикува министерот, а како што покажаа овие две години тие студии се менуваат како чорапи од страна на СЗО.