Најмал проблем се, ама најголем процент се.
А тој погоре експертот е виролог, а истото горе-доле го потврди и Данаилвски кој е инфектолог...
"Да расчистиме и една дилема за прележаните! Тие имаат повисоко ниво на заштита од вакцинираните само со една доза. Ако им се даде само една доза Фајзер, добиваат повисоко ниво на заштита од непрележаните вакцинирани со две дози. Со втора доза, не се постигнува никаков ефект (5,6,7,8). Ако би се користела Синовак, веројатно би биле потребни две дози."
Воедно и даде конкретен предлог како да знаеме на што сме, наместо комичните владини мерки.
"Што да се прави?
По мое скромно мислење, целисходно може да биде барање на негативен антигенски (рапид) тест за – и вакцинирани и невакцинирани и прележани! Зошто? Бидејќи концентрацијата на вирусот е повисока, таа спаѓа во опсегот на детекција на рапид антигенските тестови.
Или, може да се бара потврда со број на антитела – независно дали се работи за прележани или вакцинирани со една или две дози! Зошто? Затоа што, многумина кои формално имаат потврда дека се вакцинирани со две дози, може да се случи да имаат НУЛА антитела! И со потврдата ќе одат на свадба, во кафеана… и ќе го шират вирусот – подмолно…"
Нека објаснат како ..ете...јас не можам, не сум виролог/инфектолог.