Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1983194 пати)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2592
Не верувајте на се што ќе ви кажат, а уште помалку на се што ќе прочитате на интернет. Поготово не за здравје, а уште помалку за рбет.

Отиди на преглед во ГОБ 8ми Септември. Таму имаш тим физијатри.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Да се потсетиме на старите добри времиња  :)

Изгледа конечно го убивме грипот :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22380
Mnogu normalno ama dodeka se zarazime site poarno vakcinirani da se zarazime.

Зошто?

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6406
И сеа како ќе биди ова од 16ти, ќе треба да се шетаме со ливчињата па да се скенираат на секое или има некоја апликација локална. Светската Commonpass не ми брка работа ни мене ни на 70%од населението оти сме со Синовак/Синофарм.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4103
  • MadaFunker
Никако нема да биди, без план без бутур ова им е направено. А и не смеат да го направат додуша овде се е могуќе..
New blood of old school

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45191
  • Il Moderatore
Зошто без план без бутур? Сакаш у театар - покажи дека си боцнат или негативен. Сакаш на концерт, сакаш на стадион, сакаш на било кој ивент, покажи дека си вакциниран. Антиваксерите и невакцинираните кои викаат дека не се антиваксери (чекаат боља вакцина или незнам шо), молам нека се тргнат на страна, да си поминеме ние вакцинираните.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4111

Со вакво размислување сме стигнати до ова кое што сме. А ние што сме ја прележале или имаме антитела да се утепаме?

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер

Имаш сертификат за прележан. Се издава и важи неколку месеци. Скоро исто како вакцина.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4111
Има луѓе што не отидоа на лекар, со брз тест се тестираа и беа изолирани... Тие ништо немаат.
Да сме сложни како италија германија да искочиме на протест, ама нас ни за тоа не не бива!
https://denesen.mk/video-izumitelot-na-mnra-vakcinite-predupreduva-ako-ova-e-tochno-toa-e-najloshiot-nokjen-koshmar-za-vakcinolozite/

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22380
Камо да беше така едноставно...
Се слагам со секоја реченица подоле.

Истрел во темно: вакцинален апартхејд во најава

Проф. Звонимир Јанкулоски

Овцата го поминува својот живот плашејќи се од волкот и благодарна е за заштитата на овчарот, заборавајќи дека тој ќе ја изеде или продаде за колење. Особено кога овчарот ви е државата претставена во ликот на министерот за здравство, кој размислува за ограничување на правата на невакцинираните од ковид-19 преку вакциналниот сертификат како влез во светот на „слободните“. Без да се запраша зашто е низок интересот за вакцинација, министерот Филипче се заканува со рестрикции на невакцинираните, несвесен за ризиците од дискриминација во однос на правото на слобода на движење и слобода на собирање, но исто така и правата на приватност и ризици од стигматизација на одредена категорија граѓани, со цел за зголемен опфат за имунизација. Новиот „медицински апартхејд“ е на повидок.
Очигледно нелибералниот инстинкт на министерот триумфира над здравиот разум. Според неговата логика, многу јасно е дека вие немате право да не бидете вакцинирани зашто на тој начин ги кршите правата на другите со учество во активност што наметнува неприфатлив колективен ризик од штета. И ако одбиете да се вакцинирате, државата има моќ буквално да ве одведе во лекарска ординација и да ве вакцинира. Арно ама поентата е дека со сето она што сега го знаеме за ковид-19, едноставно би било неразумно да се наметне задолжителна вакцинација на инаку здрав и значителен дел од популацијата, кога вакцинирањето не ослободува од тиранија на ковидот и не прави никаква разлика во водењето нормален живот. Комбинацијата на ограничена ефикасност, привремена заштита од тешка и смртоносна клиничка слика на болеста, различните пресметки на трошоците и придонесите поврзани со староста и малите, но реални ризици од штетни несакани ефекти, кумулативно значат нула оправданост за сертификатите за задолжителна вакцинација. Да не зборувам за етичката дилема положена во рамнотежата на личната автономија и изборот наспроти заштитата на генералната популација во ризик.

Да се разбереме. Не сум антиваксер, го направив мојот избор да се вакцинирам ослободен од пресијата на државата, но како човек што сиот свој академски живот го посветив на заштитата на човековите права не можам да прифатам дека придобивките за заедницата во борбата со пандемијата не се премеруваат според правата на поединците да донесуваат свои одлуки ослободени од заканите на власта. Особено кога и „извиканата“ Светска здравствена организација (СЗО) вели дека задолжителната вакцинација мора да биде „неопходна и пропорционална“ за постигнување на „важните јавни здравствени цели“. Или, пак, да го потсетам министерот за „дискриминација во најава“ на Универзалната декларација за биоетика и човекови права на УНЕСКО од 19 октомври 2005 година, особено на членот 6, каде што се вели дека: „секоја превентивна, дијагностичка и терапевтска медицинска интервенција треба да се изврши само со претходна, бесплатна и информирана согласност на засегнатото лице, заснована на соодветни информации. Согласноста треба, кога е соодветно, да биде изразена и може да биде повлечена од засегнатото лице во кое било време и од какви било причини без непогодности или предрасуди“. Во овој контекст е и членот 11 на истата декларација, според кој: „ниту една индивидуа или група не смее да биде дискриминирана или стигматизирана по која било основа, кршејќи го човечкото достоинство, човековите права и основните слободи и секој закон што дозволува или налага диференцијација заснован на статусот на вакцинација е дискриминирачки“.
Наместо да ги дели граѓаните на вакцинирани и невакцинирани и да се заканува со ограничување на правата на невакцинираните, би било подобро министерот за „дискриминација во најава“ да се запраша зашто граѓаните немаат доверба во властите, сакате политичка, сакате научна, одбивајќи да се вакцинираат и од каде оваа недоверба влече корени. Зашто, таа недоверба е клучна за колебливоста на граѓаните да се имунизираат. Можеби се плашат дека со присилното вакцинирање се губи слободата во држава што посакува да ги контролира семејните и социјалните интеракции и домашните и меѓународните патувања и дека болеста ја трансформира во злосторство што претставува вовед во здравствен фашизам.

Или, пак, се плашат дека со присилното вакцинирање се влегува во свесен ризик на нормализирање и институционализирање на технобирократскиот модел на државен авторитаризам увезен од Кина. Секако не смее да се исклучи и стравот дека присилната вакцинација од ковид-19 ќе значи нарушување на приватноста на граѓаните, што го вклучува нивниот физички интегритет. Оттука, задолжителната вакцинација е замислива за болести што се особено заразни и се поврзани со значителни ризици, додека понудената вакцина е безбедна и ефикасна. Но кога тоа не е, не можете да го оправдате кршењето на правата на граѓаните и нивна дискриминација, која морално не е оправдана во правото во името на заштита на јавното здравство. Ако оваа власт е подготвена да дискриминира при статусот на медицинска вакцинација, дали тогаш планира да ги ограничи медицинските услуги на оние со сида, рак, церебрална парализа, аутизам и други тешки хронични болести?
Да, вакцината треба да биде достапна за сите, но задолжителна за никого. Присилната вакцинација ги крши основните права, а рестрикциите во правата на невакцинираните се разединувачки и дискриминирачки. Како и да е, присилното или задолжителното вакцинирање што го најавува министерот за „дискриминација во најава“, ја нарушува суштинската цел на благосостојбата во државата и се коси со основните права на секој поединец, особено кога тоа влијае на правото на обезбедување средства за егзистенција што му овозможува на едно лице да живее. Истовремено, тоа ќе значи вовед во „политиката на поделба“ меѓу вакцинираните и невакцинираните граѓани и нов „вакцинален апартхејд“ со „намерна дискриминација“ на дел од општеството.

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%bb-%d0%b2%d0%be-%d1%82%d0%b5%d0%bc%d0%bd%d0%be-%d0%b2%d0%b0%d0%ba%d1%86%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd-%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d1%80%d1%82%d1%85%d0%b5%d1%98%d0%b4/

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Има луѓе што не отидоа на лекар, со брз тест се тестираа и беа изолирани... Тие ништо немаат

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk
Имаат антитела :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45191
  • Il Moderatore
Зошто без план без бутур? Сакаш у театар - покажи дека си боцнат или негативен. Сакаш на концерт, сакаш на стадион, сакаш на било кој ивент, покажи дека си вакциниран. Антиваксерите и невакцинираните кои викаат дека не се антиваксери (чекаат боља вакцина или незнам шо), молам нека се тргнат на страна, да си поминеме ние вакцинираните.
Со вакво размислување сме стигнати до ова кое што сме. А ние што сме ја прележале или имаме антитела да се утепаме?

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Само со комплетно рушење на антиваксерските догми може да мрднеме напред. Тие што прележале и имаат анти тела имаат потполно исти права како вакцинираните.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Зошто без план без бутур? Сакаш у театар - покажи дека си боцнат или негативен. Сакаш на концерт, сакаш на стадион, сакаш на било кој ивент, покажи дека си вакциниран. Антиваксерите и невакцинираните кои викаат дека не се антиваксери (чекаат боља вакцина или незнам шо), молам нека се тргнат на страна, да си поминеме ние вакцинираните.
Со вакво размислување сме стигнати до ова кое што сме. А ние што сме ја прележале или имаме антитела да се утепаме?

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Само со комплетно рушење на антиваксерските догми може да мрднеме напред. Тие што прележале и имаат анти тела имаат потполно исти права како вакцинираните.
Апсолутно. И за едното и за другото.

Ова е двоење на луѓето вакцинирани/ вакцинирани црнец и белец. Јас сум боцнат ама сум против оваа глупост на двоење на населението, им допушти пола швицарска да дојде во мкд, да се прават свадби низ тетово и Гостивар по 500 души и сеа ке го двои народот.
https://denesen.mk/video-izumitelot-na-mnra-vakcinite-predupreduva-ako-ova-e-tochno-toa-e-najloshiot-nokjen-koshmar-za-vakcinolozite/

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45191
  • Il Moderatore
Треба да се двои, за да се заштити. Ако не ги одвоиш антиваксерите и противниците на вакцинација, сите ќе го кркаме. Не само сега со коронава, туку секогаш. Од сипаници, до полио.