Можеби знаеш, но помеѓу секои два пршлени на рбетот имаш по еден диск. Секој од овие дискови има некоја преодредена дефинирана висина. Л4/Л5 е скоро најдолниот дел на 'рбетот во близина на опашката. Може да биде и од ексесивно седење, намалена физичка активност, ослабени грбни и „кичмени“ мускули и слично.
Не е засега воопшто страшно, и додека е оваа дијагноза, треба да се реагира за да се направи превенција на посериозна ситуација (протрузија или излегување на дискот од своето место, дискус хернија, допирање на пршлените едни со други и сл.)
Масажата може да помогне, но не целосно да излечи бидејќи знаеш дека таа се однесува повеќе на мускулатурата. Како овде станува збор за коски (пршлени) и дискови, може и истегнување на тој долен грбен дел, без некои ептен нагли потези и потоа пополека зајакнување на јадрото.
Со лесно и без грижи!
И те мољим
@Stratro - Шизико*