Погрешна стратегија за држава со малку народ. Најголемите ширачи и преносители на вирус се деца, тинејџери и возрасни од 20 до 40 години. После медицински персонал, војска, старски домови и просветни работници, требаше постепено да се вакцинираат и 20-40 годишни со исто темпо како и стари. Ако денес треба да вакцинираат 15000 пензионери, треба да биде 7500 пензионери и 7500 од 20-40 годишни. За брзо време ќе спласне трансмисија така. А вака, ќе имаме до некаде намалена стапка на умрени ама стапка на позитивни ќе остане висока.
А што мислиш, не се вакцинираат помлади?
Тоа аплицирањето онлајн нема блага врска.
Се вакцинираат се разбира, но бројката е многу мала за да има некаков ефект. Али ок, важно е дека се вакцинира народ на крај краева, тоа е.
Погрешна стратегија за држава со малку народ. Најголемите ширачи и преносители на вирус се деца, тинејџери и возрасни од 20 до 40 години. После медицински персонал, војска, старски домови и просветни работници, требаше постепено да се вакцинираат и 20-40 годишни со исто темпо како и стари. Ако денес треба да вакцинираат 15000 пензионери, треба да биде 7500 пензионери и 7500 од 20-40 годишни. За брзо време ќе спласне трансмисија така. А вака, ќе имаме до некаде намалена стапка на умрени ама стапка на позитивни ќе остане висока.
По мене, по приоротет вака
1. Медицински персонал
2. Хронично болни (по листа на кодови)
4. Безбедносни служби (исклучиво тие на терен и шалтер)
5. Услужен сектор/шалтерски работници (продавачи, транспортери и сл)
6. Од 30-60 години
7. Останати
Листава ти е добра до број 2. Многу слична листа има/ше државава кај што живеам. Исто имаме бројка на народ и многу ми е интересно кога правам споредба и гледам кој каде греши. На хартија многу убаво звучи листава но има едно големо АМА.
Значи кај мене од јануари до април беше каша попара со вакцини, фалеа многу но некако се успеа да се вакцинираат медицински персонал, по старски домови и хронично болни. Помина тоа што помина, војска, наставници по градинки и училишта и тука се виде дека приоритетните групи од аспект на возраст повеќе не прават смисла. Се дојде многу брзо до момент да имаш вишок вакцини а ти не вакцинираш испод 50 годишни зошто овие од 50+ уште се туфкаат се мислат абе незнааам, абе брат сигурни ли се вакциниве, ама да не ми биде нешто, ако си вакциниран ќе умреш за 2 недели итн. Значи имаш бројка на луѓе кои што утре се спремни за вакцина ама ти ги чуваш зошто некој постар од тебе се мисли уште зошто прочитал статија на фејсбук од некој клошар.
Видоа со каква стока си имаме работа (општо луѓето се стока и во вакви ситуации огромен број не носат разумни одлуки) од пред 2 недели сега се вакцинира секој кој сака без разлика на возраста. Па има ли нешто попаметно од ова?
Па така, јас и жена ми сме вакцинирани додека некој 60 годишен уште му ја мисли, нека му ја мисли. Слободно се пријавуваш на интернет или се јавуваш на телефон и за 2-3 недели најкасно добиваш термин. Треба да разбереме дека имаме проблем со население што мисли дека се инфектолози и доктори во био-медицина. Ова што го кажувам е под предпоставка кога имаш доволен број на вакцини а побарувачката не е голема.
Друга работа е држава со огромно население и тука самата стратегија е многу комплицирана и неможе да се носат одлуки брзо. Наместо малите држави да излезат победници од ова што побрзо, ние намерно пробуваме да се правиме големи.
Инаку, најдобар начин да се справиш со тие што не се појавуваат е да имаш така наречен live queue. Доколку до 4 попладне не се појават Х лица на вакцинација, тие што чекаат ред добиваат вакцина.