Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1615469 пати)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
На сопругата и најдоа камења во жолчка и и рекоа да пие чај од смиљан. Дали на некој му се наога дома да продава?
Во билна аптека тек крај на април ќе донеле.




Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Тибам државата... проба од други градови? Може некој колега ќе се уфрли да провери.

Се надевам не се премногу развиени, лајно работа, у пичку...
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Осеќа некој притисок, мали се , 0,7 до 1цм, ама има 20тина.

Лани летоска во село цело поле беше, ама да знаевме дека ќе ни притреба :(

Отсутен Zizi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 204
На сопругата и најдоа камења во жолчка и и рекоа да пие чај од смиљан. Дали на некој му се наога дома да продава?
Во билна аптека тек крај на април ќе донеле.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ако имате некој што може да ви го донесе од Италија, земете две флаши Sanofi - Schoum solution, проверено.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5915
Dobro po pazarive neli ima stari zeni caevi sto prodavaat trevki i razni bilki. Na zeleno mislam deka imase nekolku sto prodavaat takvi raboti.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5935
Јас лани имав ајдучка трева насобрано, ќе да е дома уште,  ако има помош однеа би ти пратил.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Зошто не Ursofalk?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Зошто не Ursofalk?

Веројатно затоа што докторите последниве 2/3 години се забегани со чаеви давање.

Присутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
На сопругата и најдоа камења во жолчка и и рекоа да пие чај од смиљан. Дали на некој му се наога дома да продава?
Во билна аптека тек крај на април ќе донеле.
Провери кај овие, знаат да имаат доста работи... или побарај совет од нив, можеби имаат некој пријател што го има на залиха.
https://www.facebook.com/Berovsko
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Пие Rowachol апчиња, ама ни рекоа и чаеви плус, нема да е на штета.

Најдовме од чајот кај пријатели едни, а може и на зелено да поминеме да направиме залиха ако има.

Фала ви

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Чај од Просо исто така доста ефикасно.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9231
Nekoj vikedov me odi vo Srbija za vakcina? Za drugsr prasuvam :)


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Д-р Дејан Докиќ

По 30 часа поминати на работното место во ковид центарот на клиниката, максимално изморен, уплашен и тажен од сѐ што се случува тука, чувствувам лекарска но пред сѐ човечка одговорност да ја пренесам следната информација. Капацитетите во болниците се пополнети до максимум, ретко некаде се наоѓа по едно, две легла. Во приватните клиники е слична состојбата и покрај тоа што таму се цените толку високи, што луѓето ставаат домови под хипотеки за да го спасат живот на најблиските. Вакцини нема, но и да беа порано дојдени немаше да имаме ефект од нив, зошто треба да поминат најмалку шест недели по нивното добивање, за да се постигне имунитет. Вакцинираните се штитат самите себе, но можат да го пренесуваат вирусот на други!
Овој бран е до сега најголем и најтежок и буквално коси!!!
Бидејќи власта не превзема поостри мерки да затвори сѐ, освен аптеки и маркети за прехрана, неопходно е сами да барате начин да се заштитите и себе и најблиските.
ВЕ МОЛАМ ОСТАНЕТЕ ДОМА!!!

Не е време за дружења и гости во затворени простории. Доколку сакате да ги заштитите родителите, браќата, сестрите, пријателите, не им одете дома! Особено избегнувајте контакти со хронично билните. Воздржете се додека не помине овој бран од посети на угостителски објекти, фризерници, козметички салони, фитнес центри, кладилници, молови. Единствено престојувајте во затворени простории само доколку морате да купите храна, средства за хигиена, лекови, или да одите во амбуланти или медицински лаборатории. Избегнувајте да влегувате во затворена просторија доколку внатре има повеќе лица!
НЕ ВЛЕГУВАЈТЕ ВО НИЕДНА ЗАТВОРЕНА ПРOСТОРИЈА НАДВОР ОД СОПСТВЕНИОТ ДОМ, БЕЗ МАСКА Н95 СО КОЈА ЌЕ БИДАТ ПРЕКРИЕНИ И УСТАТА И НОСОТ И НАЈБИТНО: НЕ ЗАДРЖУВАЈТЕ СЕ ВНАТРЕ ПОДОЛГО ОД 15 МИНУТИ!
Доколку процените дека ќе треба подолго да се задржите, подобро излезете од просторијата, па подоцна вратете се повторно. Ова особено се препорачува доколку има повеќе луѓе внатре, а просторијата не се проветрува.
ОДРЖУВАЈТЕ РАЗДАЛЕЧИНА ОД 3 МЕТРИ!!! Вирусот е екстремно вирулентен (заразен) и повеќе никој не е безбеден, ни децата, а ниту тие кои еднаш го прележале.
Ве советувам децата да не ги носите во вакви пристории и да им ставате и нив маски. Децата можете да ги шетате само на отворено и тоа без контакти со други деца или луѓе што не се од вашето потесно семејство, со кое живеете во едно домаќинство.
Не се групирајте на отворено со луѓе кои не се од вашето потесно семејство, особено не без маска и без да одржувате дистанца!
Доколку имате кучиња како домашни миленици, шетајте ги надвор на поводец и не дозволувајте им на непознати да ги галат, или кучињата да се доближуваат до други миленици или животни. По враќањето дома измијте им ги шепите и муцката со сапун и вода, или избришете ги со антисептичко марамче.
Маските кои вие ги носите по враќањето дома испрскајте ги со 70% алкохол и оставете ги на место каде што има провев. Доколку ова не го практикувате фрлете ги во затворена канта за ѓубре или ќеса која треба да е заврзан, а за наредното излегување употребете нова.
ВНИМАВАЈТЕ: маските по враќањето од надвор не ги оставајте насекаде, особено не на маси и работни површини кои секодневно ги користите! Најдобро е да останат надвор саат-два или во просторија која не ја користите редовно и која може да се проветри.
Горните алишта, јакни, палта исто така оставете ги надвор или во друга просторија. Доколку надвор од домот сте го користеле мобилниот телефон, обврзно пребришете го со антисептичко шамивче или со алкохол и салфетка/шамивче од хартија кои ќе ги фрлите во затвореба канта па че ги премиете рацете. Рацете мијте ги темелно со вода и сапун, најмалку 20 секунди.
Чувајте се ве молам!!! Така ќе ги сочувате и сите ваши драги луѓе, вашите пријатели, комшии, сожители и ќе ни помогнете и на нас кои со крајни сили, цела година се бориме за секој живот. Помогнете ни и нас да останеме живи, зошто и ние сме луѓе со свои семејства за кои сме загрижени.
Ве молам ова да го споделувате.