Клабери, дали некој од Велес може да ми заврши услуга во болницата денес или утре до крај на работно време?
Станува збор за неплатена партиципација од 80 денари, останав должен пред месец дена (немав кеш во мене, од збрка не ни стигнав да извадам пари од банкомат) и ми стигна опомена за долг пред да ме дадат на извршител. Не можело со уплатница, мора или лично јас или некој во мое име да плати на шалтер.
Треба да се отиде на 4-ти спрат во велешката болница (шалтер на интерно одделение), да се плати 80 денари во мое име и после со потврдата за платено да се качи на 5-ти спрат во Сектор за правни работи за да ја прекинат процедурата. Толку.
Ќе се раздужам јас преку трансакциска ако има некој да ме услужи.
Пишете ми ПП, ако не ќе отидам јас лично, тоа е.