Во Србија обезбедени 8.000.000 вакцини, започна електронско пријавување за вакцинирање на граѓаните.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека од утре започнува електронското пријавување за вакцинирање за сите граѓани кои сакаат да се вакцинираат против Ковид 19.
Таа рече дека на овој начин ќе се види и расположението на граѓаните за вакцинирање.
Брнабиќ кажа дека секој може да избере со која вакцина сака да се вакцинира, а обезбедени се 8.000.000 дози за 4.000.000 граѓани.
Во Србија ги има вакцините на Фајзер, Спутник и Модерна, а се очекува и кинеската вакцина.
Од февруари започнува масовното вакцинирање за што се отворени повеќе од 100 пунктови низ земјата.
Премиерката се надева дека до јуни ќе биде вакцинирана половина од популацијата што ќе биде доволно за колективен имунитет.
Ем кој сака.
Ем со што сака.
Ем кога сака.
So far, so good.