Сите го земаат на своја рака клексанот поради Ковид-19 иако и Кардиопирин/Аспирин ќе заврши работа како превентива против тромбоза.
Не сум читал, ама земање на класични лекови без детално читање а потоа и лекарска консултација/рецепт не ми се чини како мудра пракса.
Но за ваква намена ќе спомнам пар протолитички ензими, кои покрај другите (корисни) ефекти, делуваат и како разредувачи на крвта:
- серапептаза
- натокинеза
Вторава (натокинеза) не ми е истражена многу, ама од тоа што го знам треба да е безбедна иако малку појака (како протолитички ензим) и појма немам дали воопшто ја има по аптекиве. Серапептаза ја има скоро секаде, докажано е целосно безбедна (но треба да е пази ако се комбинира со разредувачи на крв), проблем е само што ја продаваат прилично скапо (во однос на цената по која може онлајн да се нарача од ајхерб).
Предност на протолитички ензими е што поефикасно ги разредуваат тромбовите (наводно и фонвилебранд фактор честичките, кои се една од последиците на ковид-19, и се прекурсор за формирање тромбови). Само треба да се знае дека протолитички ензими се земаат на целосно празен стомак, исклучиво со вода, и час и половина потоа нема јадење/пиење. Не дека ќе се деси нешто лошо, но ќе се искористат за варање/разложување на храната - наместо да се абсорбираат во серумот/крвта.
Извини што ти реплицирам токму тебе, причината е чисто да се надоврзам на муабетот.