Правеа полициски час кога не требаше (а не распишуваат кога веројатно треба), не распишуваа неопходни мерки (маски) цели месеци од почетокот. На крај како да завртиш пак тепаниот тепан, а ****** ****.
На почетокот распишаа полициски час бидејќи мислеа дека ситуацијата ќе се одвива како во Кина, месец-два и готово, нема да има пандемија.
Ама Кина и нашиот менталитет се разлика небо и земја.
Таму се тестира милионски град во рок од една недела, се гради болница со 1000 кревети во рок од 10 дена.
Кога ќе му кажат некому дека мора да седи 30 дена дома, ќе седи.
Ние овдека сме со теориите, Бил Гејтс ќе те контролирал, па кој е Филипче да ми каже да седам, па и позитивни луѓе со решенија си шетаа слободно, па короната го прогласуемо за умрено, па додека се воведува полициски час од петок 21 часот до понеделник наутро, цело Скопје штрафта во Охрид и 20% го јадеа стапот да седат во станови од 50 квадрати, останатите журки во Охрид.
Успат тоа што падна економијата, тоа што многу луѓе останаа без работа или пак земаа испод минималец плата.
Ете затоа сега нема да се воведе полициски час ниту карантини затоа што знаат дека истото ќе се повтори од првите полициски часови, 20% ќе почитува, останатото пак ќе забушава и плус нов пад на економијата не е дозволив во овој момент.
Така да тоа е, јадете повеќе витаминска храна и надевајте се дека ако недај боже закачите, вашиот имунолошки систем ќе биде подготвен да го поминете во тие со лесна клиничка слика.
А тоа со маските реално сметам дека не се толку ефикасни (иако носам секогаш) бидејќи ако само маска штитеше од вирусов, немаше докториве во скафандери и 300 ракавици да се облекуваат, и они ќе прегледуваа само со маска ако и ти носиш маска.
Башка 8 часа на работа да си, треба да јадеш, да пиеш вода, некој е и пушач. По правило маска се носи, и на секоја потреба да се симнува треба да се става нова.
Тоа повлекува да имаш 20 маски минимум со тебе, па секоја да ја симнуваш, па дезифинцираш раце, па да ставиш нова.
Цело работно време ќе ти помине во дезинфекција и менување маски што се вели.
Така да тоа е тоа.