Така мислиш бидејќи си во полно здравје и немаш потреба од скапи медницински интервенции или доволно заработуваш за да можеш да си дозволиш да платиш на приватно. Да треба да правиш на приватно било каков оперативен зафат особено покомплициран или пак да живееш со 200 евр месечно сосема друго видување ќе имаш. Зарем мислиш дека со приватизција партиципацијата ќе биде иста? Имавме и сеуште имаме основа да се среди здравствениот систем ама очигледно некој намерно го урнисува од негови лукративни побуди.
Тоа е така пошто тие со најмалите плати (и сите што работат) плаќаат и за тие неработниците, па на крај нема доволно и мора да се доплаќаат партиципации.
Тоа „урнисувањето“ на Здравството е една работа (и точно е, ама е друг муабет).
Друга работа се баш тие здрави и прави РАБОТНИЦИ и плаќачи на данок, кои кога ќе им затребаат здравствени услуги, истите малтене и не можат да ги добијат од што не можат да дојдат на ред од сите тие џаболебари кои се на социјално.
Да не се разбереме погрешно. Јас лично сум ЗА социјално здравство, ама не и за упорно цепање на некој замислен утопистички комунизам каде сите мора да бидат исти. Не придонесуваме сите исто во системот на здравството, и затоа не треба да сме еднакви во системот на здравството. Ниту па ни системот не функционира така во реалност, пошто не постои еднаквост, постојат корупција и протекции за тие што фаќаат врски и тие што плаќаат мито.
По мене работниците, тие што плаќаат даноци и со тоа го финансираат системот, тие треба да бидат услужувани ПРВИ. Останатите, корисниците на социјални привилегии, тие треба да бидат секогаш после плаќачите на даноци. И онака не е дека вториве се брзаат за на работа па немаат време да ги почекаат тие што плаќаат и за нив.
Мала дигресија во досегашниот тек на муабетот, но сепак истата нефункционалност и лоша поставеност на Здравството - прави и со сегашнава здравствена криза лошо да се справуваат.